Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна


Божествена Литургија, Кавадарци
1.07.2014.

 

Sample Image

 

Во третата недела по Педесетница, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на повеќе свештенослужители отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Св. вмч. Димитриј“ во Кавадарци.

 

Sample Image

 

 
Екскурзија за децата со церебрална парализа од Велес
23.06.2014.

 

Sample Image

 

Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел се оствари уште една успешна средба со членовите на здружението на лица со церебрална парализа од Велес, со која продолжува повеќегодишната соработка помеѓу ова здружение и Повардарската епархија. Овој пат, на барање на ова здружение, остваривме посета на нашиот прекрасен духовен комплекс, манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ кај Крива Паланка. И ова, ново дружење, меѓу нас, вработените во Повардарската епархија, кои со благослов на нашиот Митрополит бевме на ова патување и дечињата и нивните родители, повторно беше исполнето со радост, бидејќи на еден ден децата и нивните родители заборавија на проблемите со кои секојдневно опстојуваат и се посветија на прекрасната дружба. Повардарската епархија им изразува благодарност на г-ѓа Далиборка Златева, претседател на ова здружение, како и на сите дечиња и нивните родители, за одржувањето на оваа жива врска меѓу Повардарската епархија и ова здружение кои со секоја нова активност ја прават се подлабока и позначајна. Голема благодарност и до градоначалникот на Општина Велес, г-дин Славчо Чадиев, за укажаната помош при реализацијата на оваа екскурзија.

 
Света Литургија во параклисот „Св. Серафим Саровски“
23.06.2014.

 

Sample Image

 

На 21. 06. 2014 година, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во параклисот „Св. Серафим Саровски“ во митрополитската резиденција. Истиот ден, Митрополитот Агатангел и Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј извршија опело на протоереј Војне Ристески во црквата „Св. Петар и Павле“ во Кичево.

 
Настап на младинскиот хор во Бугарија
20.06.2014.

 

 

Sample Image

 

Sample Image Младинскиот црковен хор на Повардарската Епархија „Св. Кирил и Методиј“ со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, за прв пат зема учество на меѓународениот фестивал на духовна музика „Достојно ест“  во Поморие, Р. Бугарија. 

За да се учествува на овој фестивал беше потребно да се исполнат одредени барања за кавалитет на хорот, кој го одредува селекциона комисија составена од еминентни професори по музика и свештени лица.  Хоровите земаа учество во три категории: црковни хорови, световни хорови и клиросни пеачи.

Фестивалот се одржа од 11. 06 – 15. 06. 2014 год. во времетраење од пет фестивалски денови, во кои имаше постојани ангажмани на хоровите и диригентите.

На првиот фестивалски ден се одржа Водосвет и Литија пред Храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ на која учествуваа сите гости на фестивалот, како и граѓаните на Поморие.

На вториот фествалски ден во претпладневните часови се одржа средба на диригентите, на која се дискутираше на Тема „Улогата на црковното пеење во современото општество“ водена од протоереј Кирил Попов.

Во  20:00 часот  нашиот хор настапи на отворена сцена со композиции по слободен избор, и ги исполни следните композиции: „Возбраное војеводе“ македонски напев – аражман: Ирина Денисова, солист - Мики Миовски; „Ангел вопијаше“ – Петар Динев; „Сијахамба“ – црнечки спиритуал и „Орал дедо“ – Драган Шуплевски.

 

Sample Image

 

На третиот фествалски ден, хорот настапи со дваесетминутна програма на духовни композиции во Храмот на „Рождество на Пресвета Богородица“.  На наше големо задоволство настапот на хорот беше проследен со бурни аплаузи. Хорот се претстави со следните композиции: „Архангелски глас“ – Д. Бортњански;  „Величанија Кирилу и Методију“ – Т. Скаловски; „Достојно ест“ – П. Динев; „Богородице дево“ – С. Рахмањинов; „Ниње сили небеснија“ – Лвовски; „Разбојника благоразумнаго“ – А. Ведељ.

Последниот ден од  фестивалот, хорот пееше на Света Божествена Литургија во  црквата „Света Богородица“ во Несебар. Истиот ден, сите хорови пееја на затворање на фестивалот по една композиција, каде што секој диригент доби диплома за одредени специфики за неговата работа со хорот. Нашиот хор доби диплома за Вдахновено исполнување на сложен пеачки репертоар.

Се надеваме дека достојно ја преставивме нашата земја и нашата црква. Им благодариме на сите оние кои материјално ни помогнаа да го реализираме учеството на овој фестивал.

Известува: диригент Веселинка Маџарова-Андова

 
Недела на сите светии
16.06.2014.

 

Sample Image   Sample Image
 
Sample Image   Sample Image

 

Во Неделата на сите светии, и денот на кој Македонската православна црква го чествува споменот на Св. Еразмо Охридски, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Архиерејска Литургија, во манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Неготино. На Литургијата сослужуваа протоереј Киро Ристов, протоереј Воислав Ѓорѓиев, свештеник Сарафче Иванов, свештеник Игор Пармачки и ѓакон Васил Ристовски. Со празнично слово пред присутните верници се произнесе свештеник Сарафче Иванов. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Повардарски г. Агатангел благоволи и изврши Света тајна - Крштение и Света Тајна - Брак.

 
Света Божествена Литургија во Охрид
10.06.2014.

 

Sample Image

 

На 09. 06. 2014 година, во Понеделникот на Светиот Дух, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф, архимандритот Нектариј и повеќе свештенослужители. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Агатангел се обрати кон верниот народ со пригодно слово, а Митрополитот Јосиф ги причести верниците, кои се подготвувале да пристапат кон светиот Путир.

Овој светол празник беше искористен и за осветување на новата манастирска порта во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид. Осветувањето го изврши Митрополитот Тимотеј, во сослужение на Митрополитите Агатангел и Јосиф, како и на повеќе свештенослужители. Покрај многубројниот верен народ, на осветувањето, заедно со повеќе претставници на Општина Охрид,  присуствуваше и градоначалникот на град Охрид, д-р Никола Бакрачески. Откако заврши осветувањето, свештенството и верниот народ, носејќи ја светата икона на преподобниот Наум Охридскиот Чудотворец, со свечена литија се упатија во манастирот, каде се помолија и се поклонија на гробот на светителот.

Повеќе информации на сајтот на Дебарско-кичевската епархија .

 
Повеќе...
<< Почеток < Претходна 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 Следна > Крај >>

Резултати 1293 - 1330 од 1650