Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна


Светите апостоли Петар и Павле
15.07.2014.

 

Sample Image

 

На денот кога Светата православна црква го чествува споменот на светиот апостол Петар, во сите поголеми храмови на Повардарската епархија беше отслужена света Божествена Литургија.

 

Светиот апостол Петар     12/07/2014

Син Јонин, брат на Андреј Првоповиканиот, од племето Симеоново, од градот Витсаида. Беше рибар и прво се викаше Симон, но Господ благоизволи да го нарекува Кифа или Петар (Јован 1, 42). Прв од учениците јасно ја изрази верата во Господ Исус, велејќи: „Ти Си Христос, Син на Живиот Бог“ (Матеј, 16, 16). Љубовта кон Господ му беше голема, а во верата се утврдуваше постапно. Кога Го изведоа Господ на суд, Петар трипати се одрече од Него, но само еден поглед на лицето Господово го исполни со срам и покајание. По слегувањето на Светиот Дух стана неустрашлив и снажен проповедник на Евангелието. После една негова беседа во Ерусалим се обратија околу три илјади души. Го проповедаше Евангелието ширум Палестина и Мала Азија, Илирика и Италија. Вршеше големи чуда: лечеше болни, воскреснуваше мртви, дури и од неговата сенка се исцелуваа болните. Имаше голема борба со Симон Волхот, којшто се прикажуваше за бог, а всушност беше слуга сатанин. Најпосле го посрами и го победи. На заповед на свирепиот цар Нерон, којшто беше пријател на оној Симон, Петар беше осуден на смрт. Откако го постави Лин за епископ на Рим и го посоветува и утеши стадото Христово, Петар радосно појде да прими смрт. Кога виде пред себе крст, ги замоли џелатите да го распнат главечки, бидејќи се сметаше себеси за недостоен да умре како неговиот Господ. Така се упокои и прими венец на вечна слава великиот слуга на великиот Господ.

Светиот апостол Павле     12/07/2014

Родум од Тарс, од племето Венијаминово. Прво се викаше Савле, учеше кај Гамалиил, беше фарисеј и гонител на христијаните. Во христијанската вера беше обратен преку чудо од Самиот Господ, Којшто му се јави на патот за Дамаск. Крстен од апостолот Ананија. Му се даде името Павле и беше приброен кон службата на големите апостоли. Со пламена ревност го проповедаше Евангелието секаде, од границите на Арабија до Шпанија, меѓу Евреите и незнабожците. Го нарекоа апостол на незнабожците. Колку што беа страшни неговите страдања толку беше натчовечко неговото трпење. Низ сите години на неговото проповедање како на тенок конец висеше ден за ден меѓу животот и смртта. Откако сите денови и ноќи ги исполни со страдања за Христа, откако на многубројни места ја устрои Црквата и откако ја достигна таа мера на совршенство што можеше да рече: „не живеам веќе јас, туку Христос живее во мене“, беше убиен со меч во Рим, во времето на царот Нерон, кога и апостолот Петар.

Собор на Светите славни и сефални апостоли     13/07/2014

Иако секој од Светите големи апостоли има свој посебен ден за празнување во годината, сепак овој ден Црквата го одреди како соборен празник на сите заедно, а со нив и Павле. Ова се имињата и деновите на посебното празнување на Дванаесеттемина:

Петар - 29 јуни и 16 јануари; Андреј на 30 ноември; Јаков Заведеев на 30 април; Јован Богослов на 26 септември и на 8 мај; Филип на 14 ноември; Вартоломеј на 11 јуни и на 25 август; Тома на 6 октомври; Матеј евангелистот на 16 ноември; Јаков Алфеев на 9 октомври; Тадеј на 19 јуни; Симон Зилот на 10 мај; Матиј на 9 август; Павле на 29 јуни. Да спомнеме уште за начините како секој од овие најсвети и најполезни луѓе во историјата на светот го заврши својот живот на земјата: Петар беше распнат на крст главечки; Андреј беше распнат; Јаков Заведеев го убија со меч; Јован Богослов се упокои чудесно; Филип беше распнат на крст; Вартоломеј – распнат, па одран и заклан; Тома беше избоден со пет копја; Матеј го изгореа во оган; Јаков Алфеев – распнат на крст; Тадеј – распнат; Симон Зилот – распнат; Матиј го каменуваа, па мртов го расекоа со секира; Павле го убија со меч.

 
Раѓање на св. Јован Претеча и Крстител Господов
7.07.2014.

 

Sample Image

 

На празникот на Раѓањето на св. Јован Претеча и Крстител Господов, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Архиерејска Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес. На Литургијата сослужуваа протоереј Ристе Јанушев, свештеник Борислав Бобевски, свештеник Јованче Илиев, свештеник Игор Пармачки и протоѓаконот Влатко Стоименов, а присуствуваа голем број верници од Велес.

 

Sample Image
 
Sample Image
 
Sample Image
 
Sample Image
 
Sample Image
 
Sample Image
 

 

Раѓањето на Свети Јован Предвесник и Крстител Господов

Шест месеци пред своето јавување на Пресветата Дева Марија во Назарет, великиот архангел Божји Гавриил му се јави на првосвештеникот Захариј во ерусалимскиот храм. Пред да го објави чудесното зачнување на безмажната девица, архангелот го објави чудесното зачнување на една бездетна старица. Захарија не поверува веднаш во зборовите на Божјиот известител и затоа јазикот му се врза со немост, па остана нем сѐ до осмиот ден по раѓањето на Јован. Тој ден се собраа роднините на Захарија и Елисавета за обрезание на младенецот за да му биде дадено име. Па кога го прашаа таткото кое име би сакал да му го даде на синот, тој бидејќи нем напиша на табличка: Ј о в а н. Јазикот му се одврза во тој час и тој почна да говори. Домот Захариев беше на височината меѓу Витлеем и Хеврон. Гласот дека на Захарија му се јави ангелот Божји, дека онеме, а потоа му се одврза јазикот штом го напиша името Јован, се разнесе по сиот Израил. Овој глас дојде и до Ирод. Затоа Ирод, кога испрати да се заколат децата во Витлеем, прати луѓе и во ридското престојувалиште на семејството Захариево, за да го убијат и Јован. Но Елисавета благовремено го сокри детето. Разјарен од ова, царот Ирод испрати џелати кај Захарија во храмот (зашто се погоди тој повторно беше чреден за служење во ерусалимскиот храм) да го убијат. Захариј беше убиен меѓу притворот и храмот, а неговата крв се засири и се скамени на плочите и остана како неизбришливо сведоштво против Ирод. Елисавета со детето се скри во една пештера, во којашто набрзо таа умре. Младенецот Јован остана сам во пустината, препуштен на грижа на Бога и Неговите ангели.

 

 
Св. Наум, Охридскиот чудотворец
4.07.2014.

 

Sample Image

 

 На денот кога Македонската православна црква го чествува споменот на Св. Наум, Охридскиот чудотворец, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештеник Драги Гаштарски, свештеник Игор Пармачки и протоѓакон Влатко Стоименов отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес.

 
Божествена Литургија, Кавадарци
1.07.2014.

 

Sample Image

 

Во третата недела по Педесетница, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на повеќе свештенослужители отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Св. вмч. Димитриј“ во Кавадарци.

 

Sample Image

 

 
Екскурзија за децата со церебрална парализа од Велес
23.06.2014.

 

Sample Image

 

Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел се оствари уште една успешна средба со членовите на здружението на лица со церебрална парализа од Велес, со која продолжува повеќегодишната соработка помеѓу ова здружение и Повардарската епархија. Овој пат, на барање на ова здружение, остваривме посета на нашиот прекрасен духовен комплекс, манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ кај Крива Паланка. И ова, ново дружење, меѓу нас, вработените во Повардарската епархија, кои со благослов на нашиот Митрополит бевме на ова патување и дечињата и нивните родители, повторно беше исполнето со радост, бидејќи на еден ден децата и нивните родители заборавија на проблемите со кои секојдневно опстојуваат и се посветија на прекрасната дружба. Повардарската епархија им изразува благодарност на г-ѓа Далиборка Златева, претседател на ова здружение, како и на сите дечиња и нивните родители, за одржувањето на оваа жива врска меѓу Повардарската епархија и ова здружение кои со секоја нова активност ја прават се подлабока и позначајна. Голема благодарност и до градоначалникот на Општина Велес, г-дин Славчо Чадиев, за укажаната помош при реализацијата на оваа екскурзија.

 
Света Литургија во параклисот „Св. Серафим Саровски“
23.06.2014.

 

Sample Image

 

На 21. 06. 2014 година, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во параклисот „Св. Серафим Саровски“ во митрополитската резиденција. Истиот ден, Митрополитот Агатангел и Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј извршија опело на протоереј Војне Ристески во црквата „Св. Петар и Павле“ во Кичево.

 
Повеќе...
<< Почеток < Претходна 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 Следна > Крај >>

Резултати 1217 - 1254 од 1577