Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна


Архиерејска Божествена Литургија
28.01.2015.

 

Sample Image   Sample Image
 
Sample Image   Sample Image

 

На 25. 01. 2015 година, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес.

 
Промоција на книга
26.01.2015.

 Sample ImageПочитувани,

Ве покануваме на промоција на зборникот „Името е нашата татковина“, која ќе се одржи на 27. 01. 2015 (вторник), во „Ликовниот салон“ во Велес, со почеток во 18 часот. Промоцијата на овој зборник е во организација на Повардарската епархија и граѓанската иницијатива „Македонски манифест“. Промоцијата ќе ја отвори Митрополитот Повардарски г. Агатангел, а по настапот на црковниот хор „Св. Кирил и Методиј“, како промотор кон делото ќе се обрати г-дин Ристо Никовски.


 

 
Освет на камен-темелник на нова црква
21.01.2015.

 

Sample Image

 

Sample ImageНа 20. 01. 2015 година, на денот кога Светата православна црква го слави Соборот на Св. Јован Крстител, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на бројно свештенство од сите епархиски намесништва, го освети камен-темелникот на црквата „Св. Атанасиј Велики” во Богданци, којашто целосно изгоре во неодамнешниот пожар. Новата црква ќе се гради по проект на архитектот Благој Здравев од Штип, којшто веќе подготвениот проект го донираше на епархијата за побрза изградба на новата црква, а градежните дејства ќе ги реализира компанијата „ГЕ-ГЕ Професионал“ од Богданци. Црквата ќе се гради со средства од Повардарската епархија, како и со доброволни прилози на верниците.

 

Sample Image

 

 
Богојавление
19.01.2015.
 
Sample Image
 
Sample Image Прославата на празникот на Богојавлението во Велес започна со Света Божествена Литургија во храмот „Св. Спас“, на која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на целото свештенство од Велес. Потоа, од храмот „Св. Спас“ беше формирана литија до мало мовче од каде што се изврши осветувањето на водите на реката Вардар и беше фрлен чесниот и животворен крст во водите.    

Традиционално секоја година велешани масовно присуствуваат на осветувањето на водите и фрлањето на животворниот крст, а секоја година голем е бројот на оние коишто се фрлаат во студените води на реката Вардар за да го фатат крстот. Оваа година се постигна бројка од 94 млади луѓе кои влегоа во водите на реката Вардар за да го фатат крстот за здравје и спасение. Годинава, крстот го фати Драган Илков од Велес, кому ова му беше прво фаќање на чесниот и животворен крст. Нему Митрополитот Повардарски, Господин Агатангел му ја подари Библијата и златен крст, а десетина други спонзори му подарија други пригодни дарови. На осветувањето на водата на реката Вардар оваа година покрај многубројните велешани присуствуваше и Премиерот на Р. Македонија, г-дин Никола Груевски, градоначалникот г-дин Славчо Чадиев и пратениците од Велес.

 
Водокрст
19.01.2015.
 
Sample Image
 
Sample Image Ден пред големиот христијански празник Богојавление - Водици, на празникот наречен Водокрст секоја година се извршува голем Богојавленски водосвет. Оваа година осветувањето на водите се изврши во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес, каде Митрополитот Повардарски г. Агатангел присуствуваше на Светата Златоустова Литургија, а потоа во сослужение на присутните свештеници ја освети водата за здравје и спасение на верниците.
 
Свети Серафим Саровски
19.01.2015.

 

Sample Image

 

Sample Image На денот кога Светата православна црква го чествува споменот на преподобниот Серафим Саровски се отслужи Света Божествена Литургија во параклисот во митрополитската резиденција на Повардарската епархија посветен на овој светител. Со Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на отец Борислав Бобевски, отец Игор Пармачки и протоѓакон Влатко Стоименов.

 
Повеќе...
<< Почеток < Претходна 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 Следна > Крај >>

Резултати 1179 - 1216 од 1599