Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна


Успение на Пресвета Богородица - Вечерна богослужба
27.08.2025.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

Во превечерјето на денот во кој се чествува Успението на Богомајката, во храмот посветен на ова Второ Воскресение во Велес, како уште се нарекува, Митрополитот Повардарски г. Агатангел со свештенослужители од градот отслужи Вечерна богослужба. На Вечерната беше изложена плаштаницата, на која е изобразено погребението на Пресвета Богородица.

 

 
Преображение Господово
19.08.2025.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

На големиот христијански празник Преображение на Господ Исус Христос, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на свештенослужители од градот Велес, отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Св. Јован Крстител“ во Велес.

 

 
Св. вмч. Пантелејмон - Божествена Литургија
9.08.2025.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

Централен настан на чествувањето на светиот великомаченик Пантелејмон во Велес, беше отслужената Божествена Литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на бројно свештенство од целата епархија.

На Литургијата присуствуваа и градоначалникот на Велес г-дин Марко Колев, пратеникот г-дин Игор Здравковски, советниците од Општината, како и голем дел од претставниците на институциите од градот. Литургијата беше молитвено проследена и од голем број верници од Велес. По завршувањето на Литургијата беа принесени и осветени славските колачи.

 

 

 
Св. вмч. Пантелејмон - Вечерна богослужба
8.08.2025.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

На 8 и 9 август секоја година, Велес го чествува споменот на својот патрон и заштитник, светиот великомаченик Пантелејмон. Овој празник се чествува и како официјален празник на градот Велес и под покровителство на Општината од пред десетина години и покрај тоа што жителите на градот Велес неговата закрила ја чувствуваат многу одамна, за што сведочи и изградбата на Соборниот храм на Повардарската епархија, посветен на овој светител, по чии молитви, градот бил спасен од страшната чума која се појавила во XIX век.

Празнувањето започна со Вечерна Богослужба на која голем број верници од Велес молитвено го просеа застапништвото пред Бога од светиот вмч. Пантелејмон, нивниот закрилник.

По Вечерната богослужба беше организирана Духовна академија на која со пригодни зборови се обратија градоначалникот на Општина Велес, г. Марко Колев, епархискиот секретар, протоѓакон Влатко Стоименов со слово посветено на светиот великомаченик Пантелејмон, а на крајот го проследивме одличниот перформанс на музичкиот состав „Валерија Шојлевска квартет“. Програмата ја водеше велешкиот истакнат актер Васил Зафирчев.

Во утрешниот ден, како централен настан на празнувањето, ќе биде отслужена Божествена Литургија со која ќе чиноначалствува Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на бројно свештенство од целата епархија.

 

 
Преподобна маченичка Параскева Римјанка
8.08.2025.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

На денот кога Светата православна црква го чествува споменот на светата преподобна маченичка Параскева Римјанка (света Петка), во храмот „Св. Петка“ во Велес се отслужи Света Божествена Литургија. Литургијата ја отслужи протоереј Борислав Бобевски во сослужение на протоѓакон Влатко Стоименов, а во молитвено присуство на Митрополитот Повардарски г. Агатангел.

 

 
Свети пророк Илија - Илинден
2.08.2025.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

На денот кога се чествува споменот на светиот пророк Илија, како и националниот празник на Република Македонија - Илинден, се отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Св. Јован Крстител“ во Велес. Литургијата ја отслужи свештеник Јани Мулев, во сослужение на протоѓакон Васил Ристовски, а во молитвено присуство на Митрополитот Повардарски г. Агатангел.

ФОТОГАЛЕРИЈА

По завршувањето на Светата Божествена Литургија, Митрополитот Повардарски г. Агатангел изврши канонска визитација на црквата „Лазарево воскресение“, која е во почетна фаза на изградба, а се наоѓа на градските гробишта во с. Раштани - Велес.

 

 
Повеќе...
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 115 - 152 од 1780