Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна


Свети рамноапостоли, Кирил и Методиј
24.05.2025.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

Во навечерието на празнувањето на свети Кирил и Методиј, втора година по ред, со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, чествувањето на овие наши духовни горостаси е збогатено со културно-уметничка програма во дворот на велелепниот храм посветен на сесловенските и македонски просветители, во центарот на градот Велес.

По завршувањето на Вечерната богослужба, Митрополитот и многубројниот народ имаа можност да проследат прекрасни културно-уметнички изведби. Најпрво, поетесите Даница Лепојевиќ и Соња Карбева одлично го изведоа рециталот „Прогласот на свети Константин филозоф“, а по нив го слушнавме убавото созвучје на Оркестарот на традициски инструменти од Основното музичко училиште во Велес „Стефан Гајдов“ под менторство на наставникот Трајче Малинов. Протоереј Ристе Јанушев во своето Слово за житието на свети Кирил и Методиј, вдахновено го претстави бесценетото дело на светите македонски великани, а по него г-ѓа Елица Николова, од велешкиот музеј, ни го презентираше своето истражување за традицијата на чествувањето на делото на свети Кирил и Методиј во градот Велес. За крај, младите момчиња и девојки од фолклорниот ансамбал „Ќерамичар“, со својата изведба на Прилепското и Поречкото оро ни покажаа зошто нашиот фолклор е еден од најдобрите во светот.

Се надеваме дека ваквото велелепно чествување на светите сесловенски и македонски рамноапостоли ќе стане вековна традиција во овој град.

На самиот ден, пак, се отслужи Света Архиерејска Литургија, со која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на бројно свештенство на Повардарската епархија. Меѓу многубројните присутни беа и Градоначалникот на Општина Велес, г-дин Марко Колев, пратеникот, г-дин Александар Јамалов и претставници на општинските институции.

 
Осветување на камен-темелник за нова црква
19.05.2025.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

На 18.05.2025 година, во Неделата на Самарјанката, се изврши осветување и поставување на камен-темелник за изградба на нова црква на градските гробишта во с. Раштани - Велес. Светиот чин на осветување на камен-темелникот го изврши Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на свештенослужители од велешкото архиерејско намесништво на Повардарскта епархија. Црквата ќе биде посветена на Лазаревото воскресение. На овој свет чин молитвено присуствуваа и Премиерот на Република Македонија, вицепремиерот, г-дин Љупчо Димовски, г-дин Христијан Мицкоски, Министерот за спорт, г-дин Борко Ристовски, Министерот за култура, г-дин Зоран Љутков, заменик министерот за здравство, г-дин Јовица Андоновски, Градоначалникот на Општина Велес, г-дин Марко Колев, пратениците во македонското Собрание, г-дин Игор Здравковски и г-дин Александар Јамалов, како и претставници на институциите на град Велес.

 

 
Пренос на моштите на Свети Атанасиј Велики
16.05.2025.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

На денот на кој Светата православна црква го чествува Пренос на моштите на Свети Атанасиј Велики, архиепископ Александриски, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во храмот посветен на овој светител во Богданци, град чии жители го слават Светиот Атанасиј како свој патрон и заштитник, па затоа и масовно ја посетуваат црквата на овој ден, молитвено просејќи го застапништвото од светителот. На Литургијата сослужуваа свештенослужители од гевгелиското намесништво. Повеќе верници застанаа пред Светиот Путир, примајќи ги Светите Христови дарови, а потоа беа прекршени и празничните колачи.

 

 
Соопштение за осветување на камен-темелник
14.05.2025.

Sample ImageВозљубени браќа и сестри,

На 18.05.2025 година (недела), со почеток во 11 часот, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на повеќе свештенослужители од Повардарската епархија, ќе постави и ќе освети камен-темелник за изградба на нов македонски православен храм на градските гробишта во с. Раштани - Велес. Новата црква ќе биде посветена на Лазаревото Воскресение.

Секој православен христијанин носи надеж дека при второто Христово Воскресение, и самиот ќе биде воскреснат од Господа, како и праведниот Лазар, и дека ќе биде вечно населен во Царството Небесно.

Изградбата на православен храм на градските гробишта во с. Раштани е дамнешна желба на сите верници од Велес, па затоа секој е добродојден да присуствува и да земе учество во овој свет и историски чин за нашиот град.

 

 

 
Замина во пензија протоереј-ставрофор Славе Јованов
13.05.2025.

 

Sample Image

 

На 12.05.2025 година, на свечен начин се одбележа заминувањето во пензија на нашиот долгогодишен велешки свештеник, протоереј-ставрофор Славе Јованов. Митрополитот Повардарски г. Агатангел, заедно со целиот клир на велешкото архиерејско намесништво и администрацијата на Повардарската епархија, на протоереј-ставрофор Славе Јованов му подарија насликан негов портрет во чест на неговото пензионирање. Од името на сите нас, со срдечни зборови, какви што заслужи нашиот дедо Славе, му се обрати архиерејскиот намесник Борислав Бобевски, кој истакна дека тој бил вистински пример на практично богословие во градот Велес во целото свое животно служење на почвата Господова и вистински татко на новите генерации млади свештеници.

Му честитаме на протоереј – ставрофор Славе Јованов и му посакуваме уште долги години во здравје и радост да ги живее пензионерските денови, во кои сме сигурни дека, сепак, до крајот на својот живот ќе остане како поддршка во Црквата, онаму каде што го даде својот најдобар животен труд.

На многаја лета!

 

 

 
Епархиско Собрание
8.05.2025.

 

Sample Image

 

Денес, на 08.05.2025 година, во седиштето на Повардарската епархија во Велес, се одржа конститутивна седница на Епархиското Собрание на Повардарската епархија.

 

 
Повеќе...
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 38 од 1650