Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна


Крстопоклона недела
24.03.2025.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

На 23. 03. 2025 година, во третата недела од Велигденските Пости - Крстопоклона, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на свештеници од Повардарската епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија, во црквата „Св. Петка“ во Кавадарци.

Митрополитот Агатангел и свештенослужителите го изнесоа светиот Крст од олтарот и го поставија во средината на храмот - извршувајќи поклонување на чесниот Крст. Потоа и сите присутни верници пристапија кон поклонување и целивање на светиот Крст, а Митрополитот на секој верник му даруваше китка босилек.

Во третата Недела од Воскресниот пост се поклонуваме на Чесниот и Животворниот Крст Господен, кој нè укрепува во деновите на жалост, потсетувајќи нè на бесконечната љубов на нашиот Спасител, Кој прими крстни страдања заради нас грешните. Оваа Недела се нарекува „Крстопоклона“ и се одликува со тоа што Крстот се изнесува на средината на храмот за поклонение.

 
Света Заупокоена Литургија во Тетово
24.03.2025.

 

Sample Image

 

На 22.03.2025 година, кога го чествуваме споменот на светите Четириесет Севастиски маченици (Младенци), во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово, Митрополитот Повардарски г. Агатангел чиноначалствуваше на Светата Заупокоена Литургија во сослужение на Митрополитот Европски г. Пимен и надлежниот  Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф.

Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

На Божествената Литургија беседа произнесе Митрополитот г. Агатангел.

 

По Литургијата се отслужи Трисагија за починатите во Кочани и се принесоа молитви за оздравување на сите повредени, кои се во болниците.

Повеќе информации на страната на Тетовско-гостиварската епархија

 

 
Сочувство
17.03.2025.

 

Sample Image

 

 Со голема тага и чемер во нашите срца ја примивме веста за страшната и невидена трагедија во градот Кочани, при која одненадеж, како кревки ластари од нас беа откинати педесет и девет млади и невини души. Не постои човек во нашата заедничка татковина Македонија, кој вчера и денес искрено и длабоко не сочувствува со болката на нивните родители. Сите ние денеска сме нивни најблиски роднини, нивни верни пријатели, нивни добри и кротки комшии. Искрено и усрдно ги упатуваме нашите молитви за овие невини души, за Господ Бог да ги прими во Неговото Царство, да ги обгрне со Својата благодат и да ги насели во вечните рајски живеалишта. На сите кои го преживеаја целиот овој ужас, им посакуваме брзо и успешно заздравување. Нашите мисли и молитви ќе бидат постојано со нив и со нивните најблиски.

 Македонија како држава ќе мора од оваа трагедија да извлече правилни поуки и напатствија, кои одвнатре ќе го обединат, засилат и зацврснат нашето македонско општество. Вакви трагедии никогаш повеќе не смееме да дозволиме да ни се повторат. Сите ние ќе мора, со сопствени дела и лични напори, да придонесеме во изградбата на нашата заедничка иднина.

Нека биде Господ постојано со секоја натажена душа! Нека му бидат дадени делотворни духовни сили на секој родител што лично беше засегнат од оваа ужасна трагедија! Нека го крепи Господ македонскиот народ при сите негови слабости, секој од нас нека најде мир и утеха во секоја тага, болка и воздишка!

 

Митрополит Повардарски Агатангел,

заедно со свештенството, монаштвото и верниот македонски православен народ

од Повардарската епархија.

 

 

 
Недела на свети Григориј Палама
17.03.2025.

 

Sample Image

 

 ФОТОГАЛЕРИЈА

Во втората недела од Великиот Пост, посветена на Свети Григориј Палама, беше отслужена Света Божествена Литургија во храмот „Св. Атанасиј Велики“ во Неготино. Со Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на повеќе свештенослужители.

 

 
Светиот маченик Агатангел Битолски
12.03.2025.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

На денот во кој Светата православна црква го чествува споменот на светиот новомаченик Агатангел Битолски, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски, кој го носи името на овој маченик, во сослужение на бројно свештенство од Повардарската епархија, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Велес.

Со празнично слово и именденска честитка од името на целиот клир и целото паство на Повардарската епархија се произнесе протоереј-ставрофор Љупче Миланов, кој му посака на Митрополитот Агатангел како и досега, успешно да долголетсвува на почвата Господова, и уште долги години да биде пример за ревносно извршување на Словото Божјо и ревносната љубов кон својот македонски народ.

На Литургијата, покрај мноштвото верници од сите градови во Повардарската епархија, присуствуваа и Градоначалникот на Општина Велес, г-дин Марко Колев, пратениците, г-дин Игор Здравковски и г-дин Александар Јамалов, како и бројни претставници на институциите на град Велес.

По завршувањето на Литургијата беше осветен и прекршен славскиот колач и беше послужена трпеза на љубовта.

На многаја лета, владико свет!

 

 
Недела на Православието
9.03.2025.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

Во Неделата на Православието, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во Соборниот храм на Повардарската епархија „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес. На Литургијата сослужуваа повеќе свештенослужители од епархијата, како и јеромонахот Кирил од Бигорскиот манастир. Со празнично слово за споменот на победата над иконобоството кон насобраните верници се произнесе протоереј Борислав Бобевски. Јеромонахот Кирил, во оваа прилика, од името на Епископот Антаниски г. Партениј, му даруваше на Митрополитот Агатангел икона од Мајката Божја.

По Литургијата беше отслужен и Молебен, кој се извршува во Неделата на православието.

Празникот Недела на Православието е востановен во 842 лето Господово како победно празнување над конечниот пад на иконоборството и повторно воспоставување на почитувањето на иконите. Оттогаш свечено се прославува во првата Недела од Великиот пост, како спомен на торжеството на вистинската вера не само над иконоборството, но над сите ереси.

 

 

 

 
Повеќе...
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 38 од 1620