Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Групна венчавка во Валандово и во Богданци
31.08.2011.

 

Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 

Недела на 28.08.2011 година кога Православната Црква го празнува споменот на Успението на Пресвета Богородица, во храмот „Св. вмч. Димитриј“ во Валандово се одржа групна венчавка на која 15 брачни парови кои веќе живееја во граѓанска заедница го крунисаа своето заедничко живеење со благослов од Бога и уште еднаш ја потврдија љубовта што ја имаат еден кон друг. Господ нашиот Бог, по застапништвото на Пресветата Владичица наша Богородица, на нововенчаните брачни парови да ги утврди нивните домашни цркви и да ги утеши во староста.

На истиот ден групна венчавка се одржа и во црквата „Св. Атанасиј“ во Богданци, каде што благословот од Бога го побараа 5 парови. 

 

Sample Image

 

 
Фото материјал - Успение 27/28. 08. 2011
29.08.2011.

 

Фото материјал од Вечерната богослужба

 

 Sample Image   Sample Image

Sample Image    Sample Image

 Sample Image   Sample Image

 Sample Image   Sample Image

 Sample Image   Sample Image

 

Фото материјал од Литургијата

 

 Sample Image   Sample Image

 Sample Image   Sample Image

 Sample Image   Sample Image

 Sample Image   Sample Image

 Sample Image   Sample Image

  Sample Image   Sample Image

 Sample Image   Sample Image

    Sample Image   Sample Image

 
Успение на Пресвета Богородица
29.08.2011.

 

Sample Image

 

Чествувањето на Успението на Пресвета Богородица е настан кој во градот Велес, а и низ сите останати македонски градови, успева да го сплоти македонскиот народ, кој масовно доаѓа на поклонение пред Мајката Божја во сите храмови на нашата света Црква и создава прекрасна атмосфера која е присутна на секое парче македонска земја. Вториот Велигден, за нас православните христијани, како што милостиво Митрополитот Агатангел го нарече вчерашниот ден, беше вистинска можност за повторно и повторно да покажеме демонстрација на она што вистински тлее во нашите души, а тоа е несогорливиот и силен христијански дух, тоа е потребата од Господ Бог, тоа е потребата од нашата Света македонска црква, тоа е потребата од нашето заедничарење....

Чествувањето во Велес, како и во многу градови во Македонија започна со Вечерна Богослужба во православниот храм, посветен на Успението на Пресвета Богородица. Со Вечерната Богослужба чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, а во сослужение на свештенството од велешкото архиерејско намесништво. На Вечерната Богослужба, на која на поклонение кон Мајката Божја дојдоа стотици жители на Велес, беше отслужен и акатистот на Пресветата Владичица Богородица.

На самиот ден на чествувањето на Успението на  Благословената Дева Марија, Митрополитот Агатангел во сослужение на свештенството отслужи Света архиерејска литургија.

Милостивите и ангелски звуци на црковниот хор „Св. Вмч. Пантелејмон” од Велес, причестувањето со Светите Христови Тајни, илјадниците христијански души, кои смирено го чекаа својот ред во недогледната колона  луѓе пред православниот храм, за да и се поклонат на Мајката Божја и да ја помолат за да ги застапува нивните души пред престолот на Спасителот, беа Божествените моменти кои вистински не воведоа во осмиот ден, кои не доближија до Седржителот и во целост ни ја покажаа вистинската димензија на Светата Литургија, како единствен и непобитен извор на нашата духовност и на нашето спасение.   

    Во своето празнично Слово, во беседата изречена пред бројните верници, Митрополитот Агатангел ни ја претстави славата на Мајката Божја, нејзината неизмерна љубов и величие. Тој упати порака, Благословената Дева Марија да ни служи како огледало, како жива икона на библиски христијанин, да се моделираме самите по примерот на благословената Дева Марија, зашто таа е онаа која највозвишено слуша. На Благовештението таа слушаше со покорност и му одговори на ангелот, „Нека ми биде според зборовите твои” (Лк. 1:38). Таа не би можела да го прими Словото Божјо во нејзиното тело, ако прво не го слушнала Словото Божјо во нејзиното срце. Кога пастирите го видоа и се восхитуваа на новородениот Христос, „Марија ги пазеше сите тие зборови, слагајќи ги во срцето свое” (Лк.2:19). Истата потреба од послушност е нагласена и во последните зборови, посветени на Мајката Божја во Светото Писмо, на венчавката во Кана Галилејска: „Се што ќе ви рече, направете!” (Јн. 2:5) им рече таа на слугите и на сите нас.

На крајот од својата беседа, Митрополитот Повардарски г. Агатангел ги помоли сите присутни верници да ја сакаат и да ја почитуваат својата мајка и својот татко, исто како што би сакале и нивните чеда секогаш да ги сакаат и да ги почитуваат нив и ги помоли сите кои имаат било какви недоразбирања со своите родители, да отидат на овој ден, да ги посетат, да побараат прошка и да ги надминат сите недоразбирања.

Чествувањето на Успението на Мајката Божја во Велес помина во вистинска православна христијанска атмосфера, токму онака како што ни доликува, но останува впечатокот дека ова би требало да ни послужи како пример како треба да ги чествуваме сите моменти од црковниот живот, како треба да се однесуваме внатре во црквата за да бидеме подобни на Бога, за да биде нашата христијанска и македонска заедница силна и вечно одржлива.

 
Божествена Литургија
22.08.2011.
Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 

На донот кога Светата православна црква го слави споменот на Светиот маченик Спасо Радовишки Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на свештенство од Повардарската епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес.

 
 
Преображение Господово
22.08.2011.
Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 

На празникот на Преображението на Господ Исус Христос , Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на свештенство од Повардарската епархија, во храмот „Св. Атанасиј“ во Неготино, отслужи Света Архиерејска Литургија.

На Светата Литургија, Митрополитот се обрати со празнично слово кон собраниот верен народ, толкувајќи го Светото Преображение на Господ Христос пред тројцата Негови ученици.

Митрополитот Агатангел ги причести верниците, а потоа заедно со свештенослужителите пристапија на средината од храмот, каде што извршија осветување и благословување на грозјето коешто верниците го донесоа од своите лозја и ги прекршија и благословија празничните лебови.

 
 
<< Почеток < Претходна 1 2 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 9 од 13