Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Крстопоклона недела
28.03.2011.

 

Sample Image   Sample Image

 

На 27. 03. 2011 година, Трета Недела од Велигденските Пости - Крстопоклона, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на Митрополитот Европски г. Пимен и свештеници од Повардарската и Европската епархија отслужи Света Архиерејска Литургија. Литургијата беше отслужена во црквата „Св. Спас“ во Гевгелија. 

 

Sample Image   Sample Image

 

Митрополитот Агатангел и Митрополитот Пимен и свештенослужителите го изнесоа светиот Крст од олтарот и го поставија во средината на храмот - извршувајќи поклонување на чесниот Крст. Потоа и сите присутни верници пристапија кон поклонување и целивање на светиот Крст, а Митрополитот Агатангел на секој верник му даруваше китка босилек.

 

Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image

 

Во третата Недела од Воскресниот пост се поклонуваме на Чесниот и Животворниот Крст Господен, кој нè укрепува во деновите на жалост, потсетувајќи нè на бесконечната љубов на нашиот Спасител, Кој прими крстни страдања заради нас грешните. Оваа Недела се нарекува »крстопоклона« и се одликува со тоа што Крстот се изнесува на средината на храмот за поклонение.

 
Осветување на крст за камбанарија
28.03.2011.
Sample Image   Sample Image
 
На ден 26. 03. 2011 година (сабота) Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештеници од Велес изврши осветување на крст за камбанаријата на новата црква „Св. Кирил и Методиј“ која се наоѓа во центарот на Велес.
 
Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
Преждеосвештена Литургија
22.03.2011.

На денот кога Светата православна црква го чествува споменот на Светите четириесет маченици во Севастија, Преподобен Филор Исповедник и Свети Кесариј, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во црквата „Успение на Пресвета Богородица“, отслужи  утрена богослужба со великопосни часови и Литургија на претходно осветени дарови.

 

 

Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 

 

Светите четириесет маченици во Севастија

Сите овие беа војници во римската војска, но тврдо веруваа во Господ Исус. Кога настана гонење во времето на Ликиниј, ги изведоа на суд пред војводата, а тој им се закани дека ќе им ја одземе војничката чест. На ова еден од нив, Свети Кандид, одговори: „Не само војничката чест туку и телата земи ни ги; нам не ни е ништо помило и почесно од нашиот Бог Христос“. По ова војводата им нареди на слугите да ги каменуваат овие светии. Но кога слугите фрлаа по нив камења, камењата се враќаа сами и паѓаа врз тие што ги фрлаа, па луто ги изудираа. Еден камен му падна на војводата в лице и му ги скрши забите. Мачителите, лути како ѕверови, ги врзаа светиите и ги фрлија во тамошното езеро и поставија наоколу стражари за ниеден да не излезе од водата. Имаше силен мраз, езерото мрзнеше околу телата на мачениците. За да бидат маките посилни, мачителите загрејаа и осветлија бања покрај езерото близу до страдалците, за тие гледајќи ја некако да се подлажат и да се одречат од Христа, а да ги признаат римските идоли. И навистина, еден се опрелести, излезе од водата и влезе во топлата бања. Но ноќта падна една необична светлина од небото, па ја загреа водата во езерото и телата на мачениците, а со оваа светлина од небото се спуштија триесет и девет венци врз нивните глави. Ова го виде еден од стражарите на брегот, па се соблече, го исповеда името на Господ Исус Христос и влезе во езерото за самиот да се удостои со четириесеттиот венец на предавникот. Врз него навистина слезе тој последен венец. Утредента сиот град се изненади кога ги виде мачениците живи. Тогаш злобните судии наредија и ги претепаа, а телата им ги фрлија во водата за да не ги земат христијаните. На третиот ден Светите маченици му се јавија на тамошниот епископ Петар и го повикаа да ги собере од водата и да ги извади нивните мошти. Епископот излезе ноќе по темнина заедно со својот клир и по водата видоа како светат моштите на мачениците. И секоја коска што беше одвоена од нивните тела исплива на површината и светеше како свеќа. Ги погребаа чесно. Нивните души отидоа кај Господ Исус, намачен за сите нас и воскреснат со слава. Чесно пострадаа и стекнаа непропадлива слава во 320 година.

Преподобен Филор Исповедник

Живееше и се подвизуваше во Галатија во 4 век. За него велат дека бил толку совршен во добродетелите, што повеќе личел на ангел одошто на човек. Особено е прочуен по неговото трпение. Бил гонет од царот Јулијан Отстапник и многу страдал за Христа. Но по смртта на овој христогонител Св. Филор поживеа мирно, за полза на многумина. Се упокои во осумдесеттата година од животот.

Свети Кесариј

Брат на Св. Григориј Богослов. Беше богословски писател. Меѓу другото се трудеше да одговори на прашањето колку време Адам и Ева поминаа во Рајот пред изгонувањето. Некои го определуваа тоа време на шест часа, други на дваесет и четири часа, трети на три дена. Свети Кесариј мислеше дека тоа траело четириесет дена. „Заради тоа“, вели тој, „и Господ постеше во пустината четириесет дена и за тоа време беше искушуван од ѓаволот. И додека стариот Адам не можеше да им одолее на ѓаволските искушенија сред рајското изобилие, Новиот Адам витешки им одолеа среде гладната и жедна пустина“.

 
Недела на Св. Григориј Палама
21.03.2011.

 

Sample Image
 

 

На 20. 03. 2011 година, во неделата од втората седмица од Великиот Пост, посветена на Св. Григориј Палама, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на бројно свештенство, отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Св. вмч. Димитриј“ во Кавадарци. 

 

Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image

 

 
Акатист - втора статија
21.03.2011.

 

Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image

 

На 18. 03. 2011 година, во петок од втората седмица од Великиот Пост, во храмот „Успение на Пресвета Богородицаво Велес се отслужи втората статија од Богородичниот Акатист. На вечерната богослужба сослужуваа повеќе свештеници, а присуствуваше и Митрополитот Повардарски г. Агатангел.

На крајот на вечерната богослужба беа благословени и прекршени празничните лебови. 

Останатите статии од Акатистот кон Пресвета Богородица ќе се служат на мало повечерие во секој нареден петок од Великиот Пост во храмовитеУспение на Пресвета Богородицаи „Св. Вмч. Пантелејмон“ во Велес.

 
<< Почеток < Претходна 1 2 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 9 од 10