Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Слово на Архиепископот
22.02.2011.

Sample ImageДЕЛО ЗА ДУХОВНА РАДОСТ И ИСТОРИЈА[1]  

Најнапред би сакал, од името на браќата архиереи, свештенослужителите и сите присутни гости, да му заблагодарам на домаќинот - Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, за поканата да бидеме заедно на денешнава духовна радост. Се собравме да го благословиме новото руво на овој велелепен храм и молитвено да Му заблагодариме на Бога што и во овие тешки времиња, времиња со многу искушенија, ни даде можност за духовно освежување и надградување.

Преосветувајќи го денес овој храм, прилика е да се потсетиме и на времето кога е тој граден (1874 г.) и на условите и невремињата во кои истиот е изграден. Да се прашаме – каква вера, каква храброст, какви сили и можности – духовни и материјални, имаа тогашните велешани, та успеале да го изградат овој храм, посветен на Мајката Божја, Пресвета Богородица, како и другите – „Свети Спас“ (XIX век) и „Свети Пантелејмон“ (1840 г.), кои се подигнати врз темели на поранешни цркви. Сите тие, како и оние околу Велес, говорат за богољубивите и охристовени души на тогашните велешки верници. Тие сведочат дека градот Велес не бил само град Киприли – град мост, само град на значајни сообраќајници, град на занаетчии и трговци, на преродбеници и книгољупци, на грнчари и гемиџии, туку бил и град на духовници, град со богољубив и црквољубив род, град со богат и буден црковно-национален живот. Тогашните велешани се пример дека за Бога не се дава и не се гради во Негово име само кога сме економски и материјално силни, туку кога духовно сме најбогати! На Бога не Му даваме кога Бога во себе не Го носиме, туку тогаш кога за Него живееме!

Повеќе...
 
Преосветување - фото материјал
21.02.2011.
 
   Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
 
Преосветување на црква, Велес
20.02.2011.

Sample ImageНа ден 20 .02. 2011 година (недела), се изврши чин на преосветување на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес. Преосветувањето на црквата го изврши Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски Г.Г. Стефан во сослужение на надлежниот Митрополит на Повардарската епархија г. Агатангел, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, архимандритот Нектариј, игуменот на Лесновската обител, Дамаскин, игуменот Јосиф, како и бројно свештенство на Повардарската епархија. По извршувањето на чинот преосветување, беше отслужена Света Божествена Литургија, на која Митрополитот Повардарски г. Агатангел, заради направените заложби околу целосното реновирање на црквата, како и поради плодната свештено-пастирска дејност, благоволи и го произведе во чин протоереј, свештеникот Ристе Јанушев од Велес, кој е инаку и старешина на црквата „Успение на Пресвета Богородица“.

На чинот на преосветувањето, очекувано, молитвено присуствуваа голем број велешани, многу гости од други градови на Македонија, како и наши македонци од дијаспората кои заради оваа прилика специјално допатуваа назад во својата татковина. На Литургијата присуствуваа и градоначалникот на Општина Велес, г-дин Горан Петров, претседателот на Советот на Општина Велес, г-дин Славчо Чадиев, пратениците во македонското собрание г-дин Илија Димовски и г-дин Марјанчо Николов, полковникот Тони Поповски, како и многу други претставници на институциите во градот.

Во предвечерјето, пак, на овој настан, во саботата 19. 02. 2011 година, беше отслужена Вечерна Богослужба со која чиноначалствуваше Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на архимандритот Нектариј и свештенослужители од Велес .

Во едноиполгодишното реновирање на црквата беа извршени следниве работи: направен е целосно нов фрескоживопис на црквата од страна на тајфата „Св. Ап. Лука“, направен е нов иконостас и владички трон од страна на копаничарот Љубомир Бисинов, потоа се направени нови икони на иконостасот, храмот е целосно обновен со градежни дејства (нов мермерен под, нова електрична инсталација, осветлување, подно затоплување, нови врати, прозори, комплетно нов црковен инвентар, престолна икона, певница и др.) Храмот е целосно реновиран со средства на Повардарската епархија и донации од верниците.

 
Преосветување на црква - покана
18.02.2011.
Sample Image
 
 Sample Image
 
 Sample Image
 
Библиски настани - број седум
15.02.2011.

Sample Image

 

 

 

 

Излезе од печат седмиот дел од Едицијата „Библиски настани“ со работен наслов Огнениот пророк, во кој е обработена приказната за пророкот Илија.

Предговор за стрипот – Огнениот пророк

 

 
 
<< Почеток < Претходна 1 2 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 9 од 12