Обраќање на класниот раководител, проф. Момчило Павловиќ до 42 генерација богослови при МПБ „Св. Климент Охридски“
Кога бев дете, зборував како дете, како дете мислев, како дете размислував; а кога станав маж, го оставив детинското. Сега гледам нејасно како во огледало, а тогаш - лице во лице; сега знам нешто, а тогаш ќе знам како што сум познат (1Кор 13,11-12). Ваше Блаженство, Ваши Високипреосвештенства, почитуван пратенику на САС, драги гости, колеги и матуранти. Почитувани учесници на ова свечено промовирање на XLII-та генерација на матуранти во МПБ, Свети Климент Охридски, не можеме, а да не го споредиме овој момент со она очекување од блажениот апостол Павле, за еден нов настан во човековото живеење. Овој момент на нашите матуранти, кој ние сите повозрасните, овдека присутни, сме го доживеале, некој порано некој подоцна од својот живот, сега еве и тие како многу генерациии го дочекаа денот, за кој се надеваа од самиот почеток на нивното пристигнување во оваа институција, пред пет години. Но, како што вели апостолот, гледаа нејасно како во огледало..., така и нивниот крај не беше јасен во нивните мисли и во нивните очи, но ете благодарение на Божјата милост и на нивниот труд, сега веќе крајот од нивниот животен почеток го доживуваат како, мажи кои го оставиле детинското зад себе и подготвени се да се соочат со сé она што го носи не само секојдневниот живот, туку и она повозвишеното од секоја земна грижа, да се работи на нивата Господова и да се носи Христовиот крст во овој свет. |