Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Осветување на камен темелник на нова црква
25.01.2010.
 Sample Image
 
На ден 24. 01. 2010 година, недела Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Св. Димитриј“ во Валандово.
Повеќе...
 
Собор на Св. Јован Крстител - Литургија
22.01.2010.

Sample Image

На празникот на Светиот Јован Крстител, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во Соборниот храм на епархијата „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес.

Повеќе...
 
Богојавление - Водици
19.01.2010.

 

Sample Image Sample Image
 

 

БОГ СЕ ЈАВИ!

Прославата на празникот на Богојавлението во Велес, започна со Света Божествена Литургија во храмот „Св. Спас“, на која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на целото свештенство од Велес. Потоа, од храмот „Св. Спас“ беше формирана литија до мало мовче од каде што се изврши осветувањето на водите на реката Вардар и беше фрлен чесниот и животворен крст во водите.

Повеќе...
 
Осветување на камен темелник на нова црква
18.01.2010.
Sample Image Sample Image
 
На ден 17. 01. 2010 година, недела Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во храмот на Пресвета Богородица во Демир Капија.
 
 
Повеќе...
 
Реакција на текстот „Експертите за барањето на МПЦ“
15.01.2010.


Sample ImageПовод: текстот во весникот Време „Експертите за барањето на МПЦ“, од 8. 1. 2010 г.
Во последните неколку години, тогаш кога црковно-народната радост е најголема, неизбежен „празничен“ декор се експертските и универзитетските професори, кои со лоши очи и нечисти срца, исполнети со злоба кон МПЦ и се што е македонско, се обидуваат да го урнат авторитетот на великодостојниците и свештенството на најсветата духовна институција МПЦ. Се чини дека интензитетот на злобата и бесмислата на експертизите се толку посилни во зависност од тоа колку е поголем празникот. Пред некој ден извесен г. Атанаско Тунтевски, кој беше претставен како гласноговорник на универзитетската јавност употреби „сокак-логика“ како контрааргумент при неговата „експертиза“ за нашето неодамнешно барање за ослободување на Македонската православна црква од обврските за плаќање индустриска струја, која и тоа како ги оптоварува и така скромните буџети на градските цркви, селските цркви и манастирските комплекси.

Повеќе...
 
<< Почеток < Претходна 1 2 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 9 од 10