27.11.2009. |
Денес, на празникот на свети Григориј Палама, заштитникот на Струмичката епархија, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение со надлежниот Митрополит Струмички г. Наум и Митрополитот Брегалнички г. Иларион отслужи Божествена Литургија во црквата на свети Григориј Палама и свети Димитриј Мироточив во Струмица. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни. „Светилнику на Православието, тврдино на Црквата и учителу! Убавино на монасите, непобедлив поборнику на богословите! Чудотворче Григорие, славо Светогорска, и проповеднику на благодатта, моли Го Бога непрестајно да ги спаси душите наши.“ (тропар на свети Григориј Палама) |
Повеќе...
|
|
23.11.2009. |
На 22.11.2009 год. ден недела, во храмот „Св. Ѓорѓи“ во Градско се отслужи Света Архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел. |
Повеќе...
|
|
23.11.2009. |
На празникот на Светиот Архангел Михаил и останатите сили небесни бестелесни беше отслужена Света Божествена литургија во храмот „Св. Вознесение Христово“ во Гевгелија. Со Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештеници од гевгелиското намесништво на епархијата.
|
Повеќе...
|
|
20.11.2009. |
На 19.11.2009 година (четврток) во салата на општина Велес се одржа трибина со работен наслов „Вредностите на модерното општество“ на која, меѓу другите, учество зема и секретарот на Повардарската епархија, ѓакон Влатко Стоименов. Тој во своето воведно излагање, на присутните се обиде да им ги појасни доблестите и принципите врз кои почива христијанската вера, и да објасни дека тежнеењето кон доброто, убавото и возвишеното се всушност принципите кои треба да бидат патеводитеки на сите христијански души за определување и придржување кон вредностите во денешното модерно општество, кое е обременето со голем број на предизвици. |
Повеќе...
|
|
16.11.2009. |
![Sample Image](http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe/images/stories/predavanje.jpg)
На празникот на Светите Козма и Дамјан; Преподобниот маченик Јаков со учениците Јаков и Дионисиј; (14.11.2009 година) во црковно-народната кујна во Велес се одржа првото од предвиденте низа предавања на тема „Запознавање со верата“. На ова прво предавање, пред повеќето присутни свое излагање имаше отецот Ангел Станчев, а исто така на прашањата на присутните одговараа и дипломираниот теолог Никола Ѓорѓиев и завршениот богослов Бобан Ѓорѓиевски. Циклусот предавања „Запознавање со верата“ ќе се одвива секоја сабота во просториите на црковно-народната кујна при Повардарската епархија во Велес, со почеток во 12 часот. |
|
|
|
<< Почеток < Претходна 1 2 Следна > Крај >>
|
Резултати 1 - 9 од 10 |