28.10.2009. |
На празникот на Преподобната Параскева (Петка), Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот „Св. Петка“ во гевгелиското село Прдејци. |
Повеќе...
|
|
26.10.2009. |
 На 25 октомври 2009 година, во Охрид се одржа четвртиот по ред Семакедонски црковно-народен собир. По тој повод во катедралната црква на Охридските Архиепископи „Света Софија“ се служеше Света Божествена Архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополитот Струмички г. Наум, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион како и повеќемина свештенослужители од нивните епархии. На крајот од Божествената Литургија, Митрополит г. Тимотеј кон верниот народ се обрати со поучно слово. На свечената академија, која се одржа по завршувањето на Божествената Литургија, ѓаконот Владо Недески изложи реферат на тема: „Ѓаконската служба во првите четири века“. По завршувањето на свечената академија, во трпезаријата при црквата „Света Богородица“ - Каменско, за сите присутни беше организиран свечен ручек. Наредната година Семакедонскиот црковно-народен собир се планира да се одржи во Брегалничка епархија. |
Повеќе...
|
|
19.10.2009. |
На 17 октомври 2009 година се изврши осветување на капелата „Св. Климент Охридски“ во Македонската православна богословија во Драчево. Чинот на осветување на капелата го изврши Неговото Блаженство, Архиепископт Охридски и Македонски г. г. Стефан во сослужение на Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил, Митрополитот Повардарски г. Агатангел и Митрополитот Брегалнички г. Иларион. На чинот присуствуваше и Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
|
Повеќе...
|
|
15.10.2009. |
Излезе од печат новиот број од списанието „Православна Светлина“ . И во овој број, во списанието се обработени теми од учењето на нашата Мајка Црква , со цел да ги спознаеме позитивните моменти од нив и да се обидеме да ги примениме во нашиот живот, а со цел уште повеќе да ја зацврстиме нашата заедница со Бога и меѓу нас самите, да ги спознаеме и примиме Божјите добрини и убавини, за полесно да го пронајдеме своето смирение и да придонесеме за што поголем интерес кај сите верници во Повардарската епархија, па и пошироко, за практикување на нашата православна христијанска вера. |
Повеќе...
|
|
14.10.2009. |
 Издавачката дејност „Св. Ѓорѓи Полошки“ при Повардарската епархија ја издаде книгата „Срцето што пее“ од рускиот автор Иван Александрович Илин. Преводот од руски јазик го подготви ѓакон Јани МУлев. |
|
|
|