31.08.2009. |
Во тек е целосно реновирање на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес. |
Повеќе...
|
|
31.08.2009. |
На ден 30. 08. 2009 година, недела, беше извршено осветување на црквата „Св. Василиј Велики“ на Пониква, Кочанско. Осветувањето го изврши Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион и бројно свештенство на Брегалничката епархија.
|
Повеќе...
|
|
31.08.2009. |
Чествувањето на Успението на Мајката Богородица , во Велес ја надополни целата прекрасна атмосфера која беше присутна на секое парче македонска земја. Вториот Велигден, за нас православните христијани, како што милостиво Митрополитот Агатангел го нарече вчерашниот ден, беше вистинска можност за демонстрација на она што вистински тлее во нашите души, а тоа е несогорливиот и силен христијански дух, тоа е потребата од Господ Бог, тоа е потребата од нашата Света македонска црква, тоа е потребата од нашето заедничарење.... |
Повеќе...
|
|
24.08.2009. |
На ден 23.08. 2009 година, недела, Митрополитот Повардарски г. Агатангел служеше Света Божествена Литургија во Соборниот храм на Повардарската епархија „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес. |
Повеќе...
|
|
21.08.2009. |
Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел и поддршка на Повардарската епархија, во среда на 26 овој месец, во Велес во пресрет на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица ќе биде снимена првата клапа на играно-документарниот филм "Благослов од заштитничката" по сценарио на Татјана Гоговска и во режија на Весна Димитровска. Филмот е посветен на животот и чудата на Пресвета Мајка Богородица како и животниот пат на шесте светители, патрони на црквите во Велес. "Во документарниот дел ќе бидат опфатени славењето и верувањето на верниците и служењето на свештениците во име на љубовта на Бога", рекоа на вчерашната прес конференција Гоговска и Димитровска. Во филмот ќе играат актерите Весна Димитровска, Роберт Велјановски, Роберт Ристов, Соња Јаќоска, Драган Миладинов, Ѓорги Бисерков - Дампе, Валентина Божиновска и други. Првата клапа ќе биде снимена на самиот празник на Мајката божја. Снимател ќе биде Слободан Стојков а костимограф Елена Максимовска. Филмот има буџет од 12 илјади евра, неколку фирми спонзори, а негови помагатели се Епархијата Повардарска и митрополитот Агатангел, градот Велес и Министерството за култура.
|
|
|
|
<< Почеток < Претходна 1 2 Следна > Крај >>
|
Резултати 1 - 9 од 12 |