31.12.2007. |
Во неделата посветена на Праотците, на денот кога се празнува споменот
на Светиот пророк Даниил и трите момчиња Ананиј, Азариј и Мисаил,
Митрополитот Повардарски г. Агатангел чиноначалствуваше со Светата
Божествена Литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во
Велес.
|
Повеќе...
|
|
28.12.2007. |
ЗЕМЈА НА ЖИВО
ЦРКОВНО ПРЕДАНИЕ
СВЕТА ГОРА -
ГРАДИНАТА НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА
Кога
ќе се спомене манастир и монаштво првата асоцијација што паѓа на ум и што во
православниот свет е поим за подвижнички начин на живот е третиот крак од
полуостровот Халкидик, наречен Атос или Света Гора. Ова место е познато уште и
како градина на Пресвета Богородица, зашто, како што вели преданието,
Богомајката, откако по едно патување низ бура се засолнила на бреговите на оваа
земја, ја побарала од својот Син за свое наследство. Благословен и постојано
заштитуван од Светата Дева, овој дел од полуостровот низ вековите се развил во
вистински монашки центар со дваесет големи манастири и многу скитови, каде што
истрајно, чесно и неосквернето се живее преданието на Црквата и не постои ништо
поважно во животот освен единствената вистинска цел на човекот, а тоа е секогаш
да го слави Бога.
|
Повеќе...
|
|
24.12.2007. |
На 22. 12. 2007 година, ден сабота, Митрополитот Повардарски г. Агатангел чининачалствуваше со панихидата, со која се одбележаа 105 години од смртта на македонскиот револуционер Миле Поп Јорданов.
|
Повеќе...
|
|
20.12.2007. |
На празникот на Свети Николај Чудотворец архиепископ Мирликиски, во соборната црква посветена на овој Светител во Штип, Архиерејска Божествена Литургија отслужи Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Струмички г. Наум, Митрополитот Повардарски г. Агатангел и Митрополитот Европски г. Пимен.
|
Повеќе...
|
|
18.12.2007. |
Издавачката дејност при Повардарската епархија на Македонската Православна Црква од денес е побогата за уште едно издание. Имено, денес излезе од печат книгата „За светото и возвишено служење на свештеникот Божји“, во која, во три различни поглавија се обработени теми кои се однесуваат на свештеничката служба.
|
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Претходна 1 2 Следна > Крај >>
|
Резултати 1 - 9 од 14 |