12.06.2004. |
Ви го честитам овој животворен ден, кој е една и единствена основа на христијанскиот живот и христијанската надеж. Да поздравиме сé што е во светлината на Христовото Воскресение, зашто после него сé е поразлично од она што го имавме вчера, сé изгледа подобро и повеличенствено. Да ја искусиме целата сила на оваа Пасхална радост, зашто, само во светлината на Воскресението, животот добива вистинско значење.
Христос воскресе! Навистина воскресе! Митрополит Повардарски г. Агатангел |