Протоѓакон Славе П. Пројковски АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНЕЦОТ И ИСУС ОД НАЗАРЕТ „Преку ноќта Павле имаше видение: стоеше пред него еден човек, Македонец, кој го молеше и му велеше: „Дојди во Македонија и помогни ни!” По тоа видение веднаш посакавме да тргнеме за Македонија, бидејќи сфативме дека Господ нè повикал таму да го разгласуваме Евангелието. (Дела 16: 9-10) МАКЕДОЦИТЕ - НАРОД НА ДУХОТ БОЖЈИ Врвната слава на земното постоење Македонците ја доживеаја во предхристијанскиот период – во времето на македонските кралеви Филип и неговиот син Александар. Имено, откако ја утврдија својата држава и ги победија државите – полиси, Филип имаше намера, а тргна Александар, да го освојува светот, бидејќи Филип беше подмолно убиен. Александар Македонски, навистина, тргна и го освои светот. Но, за волја на вистината, треба да се каже и тоа, дека повеќе светот го освои Александар, одошто тој светот. Имено, своите походи ги започна од својата родна Македонија, но откако тргна, повеќе во неа жив не се врати. И, каква иронија! Поразените Ахајци, ете, успеаја да станат „наследници” и на неговите походи и на сета негова слава, и тоа од денот кога на Римјаните им ја дошепнаа, за битката кај Пидна во 168 година, борбената тактика на последниот македонски крал Персеј, синот на Филип Петти, па сè до денешен ден. Но, тие, Ахајците, меѓутоа, никогаш не посакале и не посведочиле, дека се спремни пред меморијата на генетските кодови на вековите да инвестираат откупнина, или поточно задоволување на вечната правда, за евентуалните гревови на Александар, пред Оној Кој È. Значи, за нив, примамлива беше само Александровата слава, а проклетството го оставаа за некои други... „Повторно ѓаволот Го одведе на многу висока планина и Му ги покажа сите царства на светот и нивната слава, и Му рече: „Сето ова ќе Ти го дадам, ако паднеш и ми се поклониш.” Но, Исус му рече: „Бегај од Мене, сатано, зашто е напишано: ‚На Господа, Твојот Бог, да Му се поклонуваш и само Нему да Му служиш!'” Тогаш ѓаволот Го остави” Мт. 4:8-11). |