18.04.2011. |
На денот кога Светата православна црква го чествува Лазаревото Воскресение, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес. На Литургијата сослужуваа свештенослужители од Велес. |
Повеќе...
|
|
13.04.2011. |
Излезе од печат книгата „Лек за бесмртност“ од издаваштвото при Повардарската епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“. Преводот од српски јазик го подготвија свештеникот Љупче Миланов и презвитерата Данче Миланова. Книгата претставува зборник од текстови од реномирани православни автори од светот за Светата Тајна Причест и е полезно четиво како за свештенослужителите, така и за сите верни православни луѓе.
Предговор на книгата „Лек за бесмртноста“ Центар и идентитет на Светата Православна Црква е Божествената Литургија, која се служи редовно во сите храмови и манастири. Поимот Литургија значи јавна служба, народно дело, служба на народот, односно, принесување дарови (леб и вино) на Бога, кои потоа на Литургијата се осветуваат и стануваат Тело и Крв Христови, без да го изгубат поранешниот вид. Литургијата е востановена од Самиот Господ на Тајната Вечера (настан кој го славиме на Велики Четврток), кога тој, како што се вели во Евангелието, им рекол на апостолите: „Земете, јадете, ова е Моето Тело, кое за вас се прекршува за простување на гревовите; пијте од неа сите, ова е крвта Моја на Новиот Завет, која за вас и за мнозина се пролева за простување на гревовите; ова правете го за Мој спомен“ (Мат. 26 гл.; Марко 14 гл.; Лука 22 гл.; 1. Кор. 11 гл.) |
Повеќе...
|
|
|
11.04.2011. |
На празникот на Благовештението , Митрополитот Повардарски г. Агатангел чиноначалствуваше со Архиерејската Литургија во Полошкиот манастир „Св. Ѓорѓи “ кој се наоѓа на Тиквешкото езеро, крај Кавадарци. |
|
|
<< Почеток < Претходна 1 2 Следна > Крај >>
|
Резултати 10 - 13 од 13 |