Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Осветување на црква
10.05.2010.
Sample Image   Sample Image
 
На ден 09. 05. 2010 година, недела, Митрополитот Повардарски г. Агатангел благоволи и изврши осветување на црквата „Св. Пророк Илија“ во велешкото село Виничани. 
Повеќе...
 
II Меѓународна религиска конференција
10.05.2010.

ВТОРА СВЕТСКА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА МЕЃУРЕЛИГИСКИ И МЕЃУЦИВИЛИЗАЦИСКИ ДИЈАЛОГ

„Религијата и културата - нераскинлива врска меѓу народите“

(6-8 мај 2010 - Охрид, Република Македонија)

 

Охрид, 7 мај 2010

Sample Image

Од претставниците на верските заедници свои обраќања имаа: Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски, г.г. Стефан; Реис Ул Улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи, претседател на Исламската верска заедница во Република Македонија; Н.Е. Винко Кардинал Пуљиќ, ополномоштен претставник - шеф на делегацијата на Светата Столица; Господин Хајнрих Болетер, бискуп на Евангелско - Методистичката црква; Господин Рабин Ендрју Бејкер, директор за меѓународни врски на Евреите.

Во попладневната програма, на тема „Улогата на религијата и на културата во трансформацијата на општеството“ на делегатите на конференцијата се обрати Митрополитот Американско - Канадски, г. Методиј. На покана на претседателот на Р. Македонија, г. Ѓорѓе Иванов, беше отстварена средба со сите учесници од Православните цркви. Нив ги претставуваа: Архиепископ Јарославски и Ростовски, г. Кирил (Руска Православна Црква); Архиепископ Филиополски г. Нифон (Антиохиска Православна Црква); Протосингел Петар (Српска Православна Црква), како и претставник од Албанската Православна Црква, Архиепископот Јован. Во продолжение ви пренесуваме дел од обраќањето на Архиепископот Стефан:

Повеќе...
 
Св. Георгиј - Ѓурѓовден
7.05.2010.

 

Sample Image   Sample Image
 
   На празникот на Светиот великомаченик Георгиј - Ѓурѓовден, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во храмот посветен на овој светител во валандовското село Пирава. На Литургијата сослужуваа повеќе свештеници од гевгелиското намесништво на епархијата.

 

Повеќе...
 
<< Почеток < Претходна 1 2 Следна > Крај >>

Резултати 10 - 12 од 12