5.04.2010. |
† А Г А Т А Н Г Е Л ПО МИЛОСТА БОЖЈА МИТРОПОЛИТ ПОВАРДАРСКИ, НА СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, МОНАШТВОТО И ВЕРНИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА, ОДНОСНО ПОВАРДАРСКАТА ЕПАРХИЈА, А ПО ПОВОД ВОСКРЕСЕНИЕТО ХРИСТОВО - ВЕЛИГДЕН, ИМ ИСПРАЌА АРХИПАСТИРСКИ БЛАГОСЛОВ И МИР ОД БОГА Возљубени наши духовни чеда! Повардарската епархија на Македонската православна црква, со Божја помош и закрила, денеска зачекори во времето на големото торжество и празнување, во времето исполнето со богодарувана воскресенска радост и надумна божествена љубов. Целото христијанство погледнато во својата суштина се темели врз радоста и љубовта, врз овие две основни доблести, кои засветлија со својот најсветол сјај, токму на денешниот многублагодатен празник Воскресението Христово - Велигден. Личноста на Воскреснатиот Господ Исус Христос е темелот и основата, врз кои се потпира решението на духовните проблеми на модерниот човек, на човекот обременет со товарот на гревот. Во Личноста на Воскреснатиот Господ се наоѓа одговорот на сите човечки прашања, разрешувањето на сите човечки дилеми, бидејќи овде се крие тајната на животот, тајната на избавувањето и спасението, тајната на здобивањето и престојот во вечноста и Царството Божјо. |
Повеќе...
|
|
2.04.2010. |
  На Велики Петок утрото, кога светата Православна Црква го слави погребението на нашиот Господ и Спасител Исус Христос, во храмот „Св. Спас“, со почеток во 07.30 часот, Митрополитот Агатангел во сослужение со клирици од Велес, ги отслужи Царските Часови и Вечерната богослужба, на која, како што е превидено според типикот, беше изнесена плаштаницата среде храмот. Верниот народ се поклонуваше и ја целиваше плаштаницата и потоа поминуваше под неа, затоа што, за да дојдеме до воскресение, најпрво мораме да поминеме низ гробот Господов - без распетие, страдање и погребение нема воскресение. |
|
2.04.2010. |

Со Света Василиева Литургија на Велики Четврток во храмот „Св. Спас“ во Велес, започна празнувањето на торжествените празници кои му претходат на Христовото Воскресение. Со Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на бројно свештенство од Велес. По завршувањето на Литургијата беше извршен општ маслосвет, кој се прави за здравје и спасение и исцелување на духовните и телесните болести на сите верници. Митрополитот го поучи насобраниот народ зошто се осветува ова масло и кога и како да го користи ова осветено масло. 
На Велики Четврток вечерта, во соборниот храм на „Свети Пантелејмон“, со почеток во 18.00 часот, Митрополитот Агатангел во сослужение со клирици од Велес, отслужи утрена богослужба на која беа прочитани 12-те страдални евангелија во кои се опишани настаните поврзани со распнувањето и страдањата на нашиот Господ и Спасител Исус Христос.  |
Повеќе...
|
|
2.04.2010. |
РАСПОРЕД НА БОГОСЛУЖБИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ КАДЕ ЌЕ ЧИНОНАЧАЛСТВУВА НЕГОВОТО ВИСОКОПРЕОСВЕШТЕНСТВО МИТРОПОЛИТОТ ПОВАРДАРСКИ Г. АГАТАНГЕЛ |
Повеќе...
|
|
|
<< Почеток < Претходна 1 2 Следна > Крај >>
|
Резултати 10 - 13 од 13 |