3.02.2010. |
По повод Светосавската прослава во Скопје (објавено во „Дневник“ на 03.02.2010 год бр.4181) Македонија скоро дваесет години, за жал, се соочува со само еден проблем, а тоа е името на државата и идентитетот на македонскиот народ. Овој бесмислен проблем не е измислица на новите политички елити на нашите соседи, туку тој си ги влече свои корени уште во 19-от век, па преку целиот 20-ти век, сè до денеска. Останатите проблеми (меѓуетнички, меѓуцрковни, па и економски) се само пропратен дел на ова прашање. Македонија и Македонците, од страна на нашите соседски дипломатии, како со менгеме, се силно притиснати од сите можни страни. Црковните стеги, кои како продолжена рака на политиката, широко ги ползуваат за свои потреби нашите внатрешни и надворешни непријатели. Факт е дека, овие стеги, најмногу болат и најмногу фрустрираат од сè, бидејќи се украсени во етичка облека, а оние кои за свои цели ги ползуваат бессрамно го носат Крстот Господов на своето чело и својот авторитет го имаат наследено од прекрасните ликови на Христовите апостоли. Колку е лицемерна оваа борба најдобро ни покажува првата изјава на новиот српски патријарх г. Иринеј, кој најпрво нè опсипа со голема љубов и разбирање, а потоа по неколку реченици ни кажа дека откако ќе си го решиме проблемот што ние сме си го направиле со Вранишковски, ќе можеме да се надеваме и на разрешување на нашето црковно прашање. Замислете, креаторот на монструмот, кој сега со него не знае што да прави, нè повикува, ни криви ни должни, ние да го кротиме. Патријархот на србите, место „добриот пастир“, ни го посочи „крадецот и наемникот“.
|
Повеќе...
|
|
2.02.2010. |
НЕДЕЛА НА БЛУДНИОТ СИН И СВ. АТАНАСИЈ ВЕЛИКИ Како што е познато, во текот на календарската година, имаме четири поголеми пости. Но, само за овој претстојниот – велигденскиот пост, светата Црква нѐ подготвува за потребниот подвиг на постот и тоа во четири седмици, наречени како подготвителни недели. Првата таква недела веќе ја поминавме и таа им беше посветена на цариникот и фарисејот и, од Светото Евангелие што се читаше минатата недела, светата Црква ни порача дека секогаш, а особено од деновите на постот, ни се потребни смирението и покајанието. Оваа вторава подготвителна недела, му е посветена на блудниот – непослушниот син. Имено, верувам дека на сите ви е позната евангелската содржина што денес се прочита на Светата Литургија, кога помалиот син на еден богат човек посакал да го добие делот од наследството и, откако го добил од својот татко, заминал во далечна земја каде, живеејќи во разврат, го потрошил сиот имот. Потоа, откако западнал во голема криза и немаштија и, немајќи можност да преживее, се нафатил дури да чува и свињи ... И откако размислил и сфатил дека сторил голем грев, почнал да се кае и одлучил да се врати кај татка си и да побара прошка. А татко му, како и секој татко, го примил со љубов и приредил веселба, зашто умрениот син воскреснал, зашто изгубениот син се нашол ... |
Повеќе...
|
|
1.02.2010. |
На празникот на Свети Атанасиј Велики, архиепископ Алесандриски, 31.01.2010, недела, во храмот „Св. Атанасиј“ во Неготино беше отслужена Света Божествена Литургија. На Литургијата чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски Г.Г. Стефан во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел. |
Повеќе...
|
|
|
<< Почеток < Претходна 1 2 Следна > Крај >>
|
Резултати 10 - 12 од 12 |