10.12.2009. |
Ваше Блаженство, Ваши Високипреосвештенства, отци, драги професори и ученици, почитувани гости, браќа и сестри Еве, повторно дојде еден од најсвештените денови од животот на нашата Македонска Православна Богословија, посветен од времето на нејзиното постоење, на светиот Климент Охридски, ден досега единствен во историјата на нашата Македонска Православна Црква, на нашиот Македонски народ. Еве, засвети денес пред нас светозарниот спомен на нашиот блажен учител Климент, просветител на словенскиот род. Со својата благочестивост и убавина тој изгреа како сонце, просветувајќи го целиот свет, преку зраците на Триипостасниот Бог. Тој преблажен отец и наш учител ја изостави целата убавина на овој живот, слава, дом и богатство. |
Повеќе...
|
|
10.12.2009. |
Во соборниот храм на свети Климент Охридски во Скопје, на 8 декември 2009 година, кога Света Црква го слави споменот на свети Климнет Охридски, Неговото Блаженсво Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Горазд, Епископот Хераклејки г. Климент и свештенството на храмот и Скопската епархија отслужи Божествена Литургија. На Божествената Литургија присуствуваше и заменикот на претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Руската Православна Црква протоереј Николај Балашов. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни. |
Повеќе...
|
|
9.12.2009. |
СТЕФАН, Архиепископ Охридски и македонски ВЕКОВИТИОТ СВЕТИЛНИК ОД ОХРИДСКИОТ БРЕГ Возљубени празникољубци! На прашањето што претставува светителот, еден современ богослов одговара: Светителот е светилник што свети, како во домот Божји така и во молитвеното светилиште на срцето. Божјиот угодник е светило запалено од Бога, не за Него, туку заради нас луѓето. Светителот е будител, зашто неговиот подвиг и дела се постојано ехо во душите на верните луѓе. Светоста на светителот има свој глас и свој јазик, кои го просветуваат умот, го разведруваат срцето и ја држат будна совеста. Светителот е патеводна ѕвезда за секој човек посебно, за целата Црква и за сиот народ. Западнеме ли во мрак и почувствуваме ли тешкотии, ги подигаме своите очи кон светиите, како блиски на Бога. А што е светителот за народот од кој тој потекнува? - Тој е како крајбрежен фенер, кој во секоја прилика во морето на животот покажува колку сме близу или далеку, колку сме на вистински или погрешен пат и правец во своето животно пловење. |
Повеќе...
|
|
8.12.2009. |
На празникот на патронот на Македонската Православна Црква, Свети Климент, во епархискиот параклис беше отслужена Света Божествена Литургија. Со Литургијата чиноначалствуваше архиерејскиот намесник на велешкото намесништво, протоереј ставрофор Славе Јованов. |
Повеќе...
|
|
|
|
|
<< Почеток < Претходна 1 2 Следна > Крај >>
|
Резултати 10 - 17 од 17 |