Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Детска работилница
22.12.2010.
Sample Image   Sample Image
 
Sample Image    Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 

Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во рамките на соработката на Повардарската епархија и Дневниот центар за деца со специјални потреби од Велес, на ден 20. 12. 2010 година се одржа работилница на која дечињата цртаа и правеа форми од глина со новогодишни и Божикни мотиви. Оваа работилница ја подржа и Општина Велес, па така на работилницата присуствуваше и градоначалникот г-дин Горан Петров. Митрополитот Повардарски г. Агатангел во оваа прилика им подари на сите деца икони и упати молитви за нивно крепко здравје. Во организацијата на оваа работилница, која се одржа во црковно-народната кујна во Велес, учествуваше и невладината организација ЦИР Виготски од Велес.

Оваа работилница е дел од соработката на Повардарската епархија и организациите од Велес кои работат за подобри услови за децата со посебни потреби, при која досега се имаат реализирано неколку вакви средби и неколку екскурзии на најпознатите македонски духовни светилишта, а е тенденција таа да продолжи и во иднина со уште повеќе вакви активности.  

 
 
< Претходно   Следно >