Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Илинден
2.08.2010.

 

Одбележувајќи ги овие темелни настани од нашето голготско опстојување, на сите верни чеда, во Македонија и ширум во светот, го честитаме националниот празник Илинден, со порака за мир и братољубивост, како меѓу нас, така и со сите луѓе. Нека ни е честит и вековит Илинден!

Манастирскиот комплекс „Св. Илија“, кој се наоѓа во непосредна близина на градот Велес, како и секоја година и оваа  година беше православниот христијански дом, во кој верниците од Велес и неговата околина традиционално го прославуваат големиот христијански празник посветен на Светиот пророк Илија. Со Божествена Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, со молитви за мир и благосостојба на македонскиот народ, како и со молитви за покој на небројните македонски синови и ќерки кои ги положија своите животи за националната и духовната слобода на македонскиот народ беше одбележано чествувањето на денот на Светиот пророк Илија.

 

 

Sample Image
 
 

 

Светиот пророк Илија     02/08/2008

Боговидец, чудотворец, ревнител за Божјата вера. Родум од племето Ароново, од градот Тесвит и затоа е наречен Тесвитјанин. Кога се роди Илија, неговиот татко Савах виде ангели Божји околу детето како го повиваат во оган и му даваат да јаде пламен. Ова беше предзнак за неговиот пламенен карактер и за богодаруваната огнена сила во него. Целата своја младост ја мина во богомислие и во молитва, повлекувајќи се често во пустината за во тишина да размислува и да се моли. Во тоа време еврејското царство беше разделено на два нееднакви дела: Јудиното царство опфаќаше само две племиња, Јудиното и Венјаминовото, со престолнината во Ерусалим, а Израилевото царство ги вклучуваше останатите десет племиња со престолнина во Самарија. Со првото царство владееја потомците на Јеровоам, слуга на Соломон. Најголем судир пророкот Илија имаше со израилскиот цар Ахав и со неговата изопачена жена Језавела. Зашто тие им се поклонуваа на идолите и го одвраќа народот од служењето на единствениот и жив Бог. Одозгора уште и Језавела, којашто беше Сиријка, го наговори мажот ѝ да подигне храм за сирискиот бог Ваал и да одреди свештеници за тој лажен бог. Со големи чуда Илија ја покажа силата и власта Божја: го затвори небото, па немаше дожд три години и шест месеци; спушти оган од небото и Му запали жртва на својот Бог, а жреците на Ваал тоа не можеа да го направат; низведе дожд од небото со својата молитва; чудесно ги умножи брашното и маслото во куќата на вдовицата во Сарепта и го воскресна нејзиниот умрен син; му прорече на Ахав дека кучињата крвта ќе му ја лижат и на Језавела дека кучињата ќе ја изедат, што и се случи; и многу други чуда изврши и настани предвести. На Хорив разговараше со Бога и во тивкиот свеж ветрец го чу гласот Божји. Пред да се вознесе го зеде Елисеј и го одреди за наследник во пророчката служба; со својата наметка го пресече Јордан; и најпосле беше земен на небото во огнени кочии со огнени коњи. На Тавор заедно со Мојсеј Му се јави на Господ Исус Христос. Пред крајот на светот Илија повторно ќе се јави за да ја сотре силата на Антихристот (Откр. 11).

 

 

 
< Претходно   Следно >