Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Филм за животот и чудата на Пресвета Богородица
21.08.2009.

 

Sample Image   

 

 


Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел и поддршка на Повардарската епархија, во среда на 26 овој месец, во Велес во пресрет на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица ќе биде снимена првата клапа на играно-документарниот филм "Благослов од заштитничката" по сценарио на Татјана Гоговска и во режија на Весна Димитровска. Филмот е посветен на животот и чудата на Пресвета Мајка Богородица како и животниот пат на шесте светители, патрони на црквите во Велес.
"Во документарниот дел ќе бидат опфатени славењето и верувањето на верниците и служењето на свештениците во име на љубовта на Бога", рекоа на вчерашната прес конференција Гоговска и Димитровска.
Во филмот ќе играат актерите Весна Димитровска, Роберт Велјановски, Роберт Ристов, Соња Јаќоска, Драган Миладинов, Ѓорги Бисерков - Дампе, Валентина Божиновска и други. Првата клапа ќе биде снимена на самиот празник на Мајката божја. Снимател ќе биде Слободан Стојков а костимограф Елена Максимовска. Филмот има буџет од 12 илјади евра, неколку фирми спонзори, а негови помагатели се Епархијата Повардарска и митрополитот Агатангел, градот Велес и Министерството за култура.


 

 
< Претходно   Следно >