Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Групна крштевка во Велес
18.07.2009.
 
Sample Image
 

Повардарската епархија на 18. 07. 2009 година (сабота) по втор пат организираше бесплатно групно крштевање во водите на реката Бабуна во Велес. Оваа година беше значително зголемена бројката од минатата година на оние кои доброволно пристапија на православната вера, примајќи ја Светата Тајна – Крштение. Така, оваа година бројот на пријавени изнесуваше 85 за разлика од минатата година кога имаше 32 луѓе кои пристапија кон Светата православна црква.

 

 

  Sample Image    Sample Image    Sample Image

 

Со чинот на осветување на водите на реката Бабуна и Светата тајна - Крштение чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на свештеници од Велес.

Групната крштевка беше организирана по втор пат во Повардарската епархија, со што се потврдува тенденцијата традиционално да се одржува секоја година во водите на реката Бабуна. 

 

  Sample Image    Sample Image    Sample Image

 

Чинот започна во 10 часот, а најпрво беше извршен чинот огласување, во кој Митрополитот Агатангел ги повика сите оние кои дојдоа за да се крстат да се откажат од сатаната и  од сите негови дела и да се соединат со Христа. Потоа сите заедно го прочитаа Символот на верата за да покажат дека веруваат православно.Откако беа осветени водите на реката Бабуна, огласените беа помачкани со елејот на радоста и еден по еден влегуваа во реката Бабуна и во името на Отецот и Синот и Светиот Дух трикратно беа потопени, го примија Светото Крштение и станаа членови на Светата Православна Црква. Потоа следеше миропомазание на крстените, а следниот ден сите крстени присуствуваа на Светата Литургија за да ја примат Светата тајна - Причест. 

 

  Sample Image    Sample Image    Sample Image    Sample Image

 
< Претходно   Следно >