Акатист кон Пресвета Богородица |
9.03.2009. | |
Во првиот петок од Великиот Пост на вечерната служба во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ беше отслужена првата статија од Акатистот кон Пресвета Богородица. На вечерната богослужба сослужуваа повеќе свештеници, а присуствуваше и Митрополитот Повардарски г. Агатангел.
Останатите статии од Акатистот кон Пресвета Богородица ќе се служат на мало повечерие во секој нареден петок од Великиот Пост во храмовите „Св. Спас“ и „Св. вмч. Пантелејмон“.
|
< Претходно | Следно > |
---|