Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Пуштен во употреба конак за ноќевање во Гевгелија

Возљубени,

Ве известуваме дека во рамките на учеството на Македонската православна црква на годинешниот МЕЃУНАРОДЕН САЕМ НА КНИГАТА, кој ќе се одржи од 18. 04. 2024 година до 24. 04. 2024 година во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, Повардарската епархија ќе ги претстави сите изданија од својата издавачка дејност „Св. Ѓорѓи Полошки“. Сите изложени изданија на саемот ќе бидат со репрезентативни цени (намалени) во однос на редовните продажни цени на книгите.

Оваа година беше навистина плодна за нашата издавачка дејност, па така, на саемот, ќе претставиме дури ДВАНАЕСЕТ нови изданија, во однос на минатогодишниот саем, и тоа книгите: „Свети Јован Златоуст - Дела“ 1 и 2 том, „Средба со Бог - старец Ефрем Аризонски“, „Света Ксенија Петроградска“, „Монографија – Митрополит Агатангел“, „Свети Герасим Кефалониски“, „Историја на македонскиот народ“, како и реизданија на книгите „Старец Јосиф Исихаст“, „Мојот живот со старец Јосиф“, „Пат на небо“, „Свети Нектариј Егински“ и „Давидов Псалтир“.

Покрај книгите, на штандот на Повардарската епархија ќе бидат изложени и бесплатни примероци од списанието на Повардарската епархија „Православна светлина“.

Ве покануваме да го посетите штандот на Македонската православна црква и да одберете некое од нашите изданија.

 
Пуштен во употреба конак за ноќевање во Гевгелија
23.02.2023.

 

Sample Image    Sample Image
 
Sample Image    Sample Image

 

Повардарската епархија го возобнови и го пушти во употреба црковниот конак - преноќиште во градот Гевгелија, во кој ќе може да престојува секој патник-добронамерник кој за тоа има потреба. Овој објект е всушност поранешната свештеничка (попска) куќа во градот Гевгелија, која по долги години на постепено пропаѓање, со благослов и силна ангажираност на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, внатрешно и надворешно целосно се реновираше. Конакот располага со седум соби и апартмани, со најсовремени услови за престој, а исто така во приземјето е изграден и ресторантски дел со летна тераса. Ваков објект, односно градски црковен конак е прв од ваков вид на територијата на Македонската православна црква-Охридска архиепископија.

 
< Претходно   Следно >