Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Осветена црквата „Св. Јован Крстител“ во Велес
Осветена црквата „Св. Јован Крстител“ во Велес
20.10.2022.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

Да се радуваме бидејќи подигнавме дом Божји

 

Домовите Божји, или црквите подигнати во слава на нашиот Создател, Промислител и Спасител, се голем дар и благослов Божји за луѓето кои се потрудиле и вложиле себеси да изградат живеалиште на Севишниот Господ Бог. Бог обитава во неговите свети домови, а тоа се црквите и манастирите. Но, исто така, Бог обитава и во сечие срце и душа кои се очистени, измиени и подготвени да Го примат како пријател, гостин и Спасител. Светите храмови се небесни светила поставени на земјата, кои нè осветлуваат, нè просветуваат и нè опоменуваат на каков начин треба да го живееме нашиот живот.

 

23 октомври 2022 Лето Господово е денот кој Бог го благослови и го определи за осветување на велелепниот храм во Велес, посветен на светиот Господов Претеча и Крстител, Јован. Во овој храм, кој се градеше седум години, е претставена сета Божја убавина, величие и торжественост.

Светиот чин на осветување на храмот го изврши Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на Митрополитот Брегалнички г. Иларион,  Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, како и бројно свештенство и монаштво од повеќе епархии на Македонската православна црква. По чинот на осветувањето, со слово кон многубројниот присутен народ се обрати Митрополитот Повардарски г. Агатангел.

По осветувањето на црквата, Митрополитот Повардарски г. Агатангел додели благодарници на верници кои ја помогнаа изградбата и уредувањето на овој храм.

По чинот на осветувањето на храмот се отслужи и правата Божествена Литургија во него. Чинот на осветувањето на црквата молитвено го проследија многубројни вреници од Велес, но и од други македонски градови.   

 

Фактографија:

 

·         30. 08. 2015 Осветување на камен-темелник на Црквата

·         24. 04. 2018 година Осветување на камен-темелник на камбанарија и на помошните црковни простории

·         17. 09. 2018 година Осветување и поставување на крстовите на Црквата

·         17. 09. 2019 година Осветување и поставување на црковните камбани

·         Архитектура и проект на камбанарија: Благој Здравев

·         Фрескоживопис: Зографи Велко Свеќаров и Гоце Василески

·         Иконостас: Љубомир Бисинов

 

 
< Претходно   Следно >