Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Бадник

Возљубени,

Ве известуваме дека во рамките на учеството на Македонската православна црква на годинешниот МЕЃУНАРОДЕН САЕМ НА КНИГАТА, кој ќе се одржи од 18. 04. 2024 година до 24. 04. 2024 година во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, Повардарската епархија ќе ги претстави сите изданија од својата издавачка дејност „Св. Ѓорѓи Полошки“. Сите изложени изданија на саемот ќе бидат со репрезентативни цени (намалени) во однос на редовните продажни цени на книгите.

Оваа година беше навистина плодна за нашата издавачка дејност, па така, на саемот, ќе претставиме дури ДВАНАЕСЕТ нови изданија, во однос на минатогодишниот саем, и тоа книгите: „Свети Јован Златоуст - Дела“ 1 и 2 том, „Средба со Бог - старец Ефрем Аризонски“, „Света Ксенија Петроградска“, „Монографија – Митрополит Агатангел“, „Свети Герасим Кефалониски“, „Историја на македонскиот народ“, како и реизданија на книгите „Старец Јосиф Исихаст“, „Мојот живот со старец Јосиф“, „Пат на небо“, „Свети Нектариј Егински“ и „Давидов Псалтир“.

Покрај книгите, на штандот на Повардарската епархија ќе бидат изложени и бесплатни примероци од списанието на Повардарската епархија „Православна светлина“.

Ве покануваме да го посетите штандот на Македонската православна црква и да одберете некое од нашите изданија.

 
Бадник
8.01.2019.

 

Sample Image

 

Sample Image На Бадник, Митрополитот Повардарски г. Агатангел чиноначалствуваше на светата Божествена Литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес. На Литургијата, Митрополитот Агатангел го потстрижа во чин чтец богословот Благојче Нешевски од Велес. По завршувањето на Литургијата  беа осветени Бадниковите гранчиња, а Митрополитот Агатангел ги даруваше дечињата кои беа собрани во црквата со бадникови пакетчиња. Потоа, трета година по ред беше организирана Бадникова поворка, во која мноштво дечиња, пеејќи ја Божикната (Бадниковата) песна Вечниот Бог, се движеа по улиците на градот Велес.

 

 
< Претходно   Следно >