Акатист кон Пресвета Богородица |
3.04.2017. |
На 31. 03. 2017 година, во храмот „Св. Козма и Дамјан“ во Велес беше отслужено мало Повечерие со целиот Акатист кон Пресвета Богородица. На богослужбата присуствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, а служеа протоереј Борис Симоновски, протоереј Мики Миовски, свештеник Игор Пармачки, свештеник Јани Мулев и ѓакон Бобан Ѓорѓиевски. Инаку на оваа вечерна богослужба, се чита целиот Акатист кон Пресвета Богородица, кој пак, за време на Великиот Пост се служи во петоците од петте седмици од Великиот пост. По завршувањето на малото Повечерие традиционално беа осветени петолебија, кои верниците ги земаат за здравје и благосостојба.
|