Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Воскресение Христово
Воскресение Христово
4.05.2016.

 

Sample Image

 

Sample Image Најрадосната вест за православните христијански души, веста за Воскреснието на нашиот Спасител, Господ Исус Христос беше објавена точно на полноќ  во сабота спроти недела низ сите храмови ширум светот.

Милиони верни души ширум целиот свет извикуваа „Навистина Воскресна“!

Централната прослава на празникот над празниците во Повардарската епархија, беше одржана во Соборниот храм „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес, каде Митрополитот Повардарски г. Агатангел ја објави најторжествената и најрадосната вест на Православието.

Во продолжение на празникот беше отслужена Велигденска Воскресна Литургија, каде многубројни верни чеда чекаа до раните утрински часови да се соединат со Господ Исус Христос, примајќи ги Неговите Свети дарови.

Во неделата утрото, се отслужи Вечерна Богослужба со читање на Евангелието на десет разни јазици.

На вториот ден од Воскресението Христово (Светол Понеделник), Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Златоустова литургија во црквата „Св. вмч. Димитриј“ во Кавадарци. На Литургијата сослужуваа повеќе свештенослужители од Кавадарци, а молитвено присуствуваа голем број на верници, кои се причестија со светите Христови дарови.

На третиот ден од Воскресението Христово (Светол Вторник), Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Златоустова литургија во црквата „Св. Недела“ во Стојаково. На Литургијата сослужуваа повеќе свештенослужители од гевгелиското намесништво, а молитвено присуствуваа голем број на верници, кои се причестија со светите Христови дарови.

 
< Претходно   Следно >