Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Конкурс за прием на ученици во Богословијата

Возљубени,

Ве известуваме дека во рамките на учеството на Македонската православна црква на годинешниот МЕЃУНАРОДЕН САЕМ НА КНИГАТА, кој ќе се одржи од 18. 04. 2024 година до 24. 04. 2024 година во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, Повардарската епархија ќе ги претстави сите изданија од својата издавачка дејност „Св. Ѓорѓи Полошки“. Сите изложени изданија на саемот ќе бидат со репрезентативни цени (намалени) во однос на редовните продажни цени на книгите.

Оваа година беше навистина плодна за нашата издавачка дејност, па така, на саемот, ќе претставиме дури ДВАНАЕСЕТ нови изданија, во однос на минатогодишниот саем, и тоа книгите: „Свети Јован Златоуст - Дела“ 1 и 2 том, „Средба со Бог - старец Ефрем Аризонски“, „Света Ксенија Петроградска“, „Монографија – Митрополит Агатангел“, „Свети Герасим Кефалониски“, „Историја на македонскиот народ“, како и реизданија на книгите „Старец Јосиф Исихаст“, „Мојот живот со старец Јосиф“, „Пат на небо“, „Свети Нектариј Егински“ и „Давидов Псалтир“.

Покрај книгите, на штандот на Повардарската епархија ќе бидат изложени и бесплатни примероци од списанието на Повардарската епархија „Православна светлина“.

Ве покануваме да го посетите штандот на Македонската православна црква и да одберете некое од нашите изданија.

 
Конкурс за прием на ученици во Богословијата
10.06.2015.

КОНКУРС

за прием на ученици во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ - Скопје, за учебната 2015/2016 година

 

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
- да завршиле основно училиште
- да имаат основно познавање од Православието
- да се телесно и душевно здрави
- да не се постари од 18 години  
- да имаат одличен успех од 5. до 8. одделение.

Приемниот испит се состои од писмена работа и тест по македонски јазик и испит по пеење.

Тестот по македонски јазик ќе го опфати материјалот од граматика и литература, а писмената работа ќе биде на тема од литературата или од лектирите од 5. до 8. одделение.
Испитот по пеење се состои од проверка на музичките способности на кандидатите преку пеење на музичката скала и песни. 
Кандидатите, кои нема да освојат минимум 60 бода, се смета дека не го положиле приемниот испит и нема да бидат рангирани.
Молбите за прием се поднесуваат преку парохискиот свештеник и надлежниот епархиски архиереј до Управата на Богословијата. Приемниот испит ќе се одржи на 17. 06. 2015 (среда), со почеток од 09:00 часот. 
Кандидатите треба да ги приложат следниве документи:
- свидетелство за свето крштение
- свидетелства од 5. до 8. одделение
- благослов од надлежниот архиереј
- уверение од парохискиот свештеник за подобност на кандидатот за свештенички чин
- лекарска потврда
- писмена согласност од родителите дека кандидатот може да учи во Богословијата, и обрска од нив дека редовно ќе ги подмируваат инернатските трошоци, доколку кандидатот не е стипендист.
За полагање на приемниот испит, кандидатите се должни да уплатат 1500 денари кај секретарот на Богословијата, најдоцна на денот пред полагањето на приемниот испит.
Ќе бидат примени најмногу по тројца кандидати од секоја епархија.
Упис на вонредни ученици не се одобрува.

Од Управата на Богословијата

 
< Претходно   Следно >