Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow За православната вера и живот... arrow Беседа на Педесетница - отец Горан Панзов
Беседа на Педесетница - отец Горан Панзов
11.06.2014.

ДУХОВДЕН

Во името на Отецот, Синот и Светиот Дух!

Ваше Високопреосвештенство, чесни отци, драги браќа и сестри,        

Sample ImageБлагодатта на Светлоносниот Дух се јави како посветла од сончевата светлина, сите ги просвети, ги очисти и ги освети со Неговото огненоносно блескање. Сигурно сите ние си го поставуваме прашањето која е таа невидлива сила одозгора која се чувствува низ вековите, обновува и осветува. Одговорот ќе го пронајдеме во Светото Писмо, тоа е дух Господов, дух на премудрост и разум, дух на совет и крепост, дух на знаење и благочестивост. Тоа е духот кој е третото лице од Света Троица, а се гледа и во симболот на Верата.

Св. Јован Крстител пак за ова ќе посведочи дека Исус Христос е Син Божји, но и дека на крштевањето го видел и Светиот Дух. Со неговото јавување при Господовото крштение во вид на гулаб го отклучи Небото кое беше заклучено со Адамовото гревопаѓање и не обожи со Пречистото тело Господово.

И Св.ап.Павле ни зборува за големата сила на Светиот Дух па дури и во денешнината свештениците го повикуваат Светиот Дух да лебот и виното се претворат во тело и крв Христова за време на Евхаристијата. Но, најголем доказ за Светиот Дух е нашиот Господ Исус Христос кој на своите апостоли им ветил дека ќе им го испрати Светиот Дух  кој уште се вика и Утешител. Значи за да се исполни во потполно мисијата  и искупителното дело  за кое бил испратен Господ Исус Христос, тој требал да се врети на небото кај Својот Отец и да го испрати Светиот Дух кој го продолжува спасителното дело. Откако се вознел Христос учениците се вратиле во Ерусалим и влегле во собата во Сион. Биле  еднодушни во молитвата заедно со Пресветета Дева Марија и навистина по десет дена  се исполнило ветувањето.

Богородица и апостолите слушнале силен шум од небото, се залулала куќата и го чуле гласот Господов. Дошол  Духот  Утешител, Духот на Божјата Светлина, Духот на Премудроста и Откровението и ги оросил со росата на благодатта. Во тој момент се појавиле огнени јазици и застанале по еден над секоја глава на Апостолите.

Со слегувањето на Св.Дух врз апостолите, се исполни сета црква со неговото присуство за да биде непорочна и света невеста Христова. На овој ден се откри тајната на Божјото тројство и на овој ден се роди Христовата црква. Иако некој ќе речат дека Светиот Дух е невидлива сила, но ние ќе констатираме дека сепак ги гледаме последиците на таа сила, и тоа преку храброста на апостолите, нивните проповеди и чудата што ги правеле со името Христово. Таа сила и до ден денес менува, просветува и обновува. Преку нејзе се гаснеа огновите во кои беа фрлани мачениците, беа затупени и извиткани сабјите со кои сакаа да ги замолчат Христовите маченици. Поткрепувани од оваа сила на Св.Дух испратена од небото, безброј светители умираа со насмевка и молитва кон Бога. Зарем е потребно уште да се говори за силата на Светиот Дух и нејзината непобедливост која постоела, постои и ќе постои низ сите векови.

Благословен си Христе Боже наш, ти ги направи премудри риболовците испраќајќи им го Светиот Дух, преку нив ја улови вселената, човекољупче, слава ти. Со оваа песна воскликнуваме кон Христа и небесната црква и сета вселена, со што ветуваме дека ќе го преобразиме нашиот умртвен плодски живот во жив и духовен. Со твојата Живоначална благодат која го обновува лицето на земјата, со твоето дувнување и огнените јазици кои слегнаа на апостолите, искрено се надеваме и веруваме дека Христовото ветување ќе биде и наше ветување и дека твојата благодат ќе биде постојано се до последниот ден на општото воскресение.

 

                                                                                                    Проповедал

                                                                                                Отец Горан Панзов

 
< Претходно   Следно >