Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow За православната вера и живот... arrow Настани во најава arrow Поклоничко патување во Црна Гора и Косово
Поклоничко патување во Црна Гора и Косово
14.05.2014.

ПОКЛОНИЧКО ПАТУВАЊЕ ВО ЦРНА ГОРА И КОСОВО (ОД 23 ДО 25 MAJ 2014 ГОДИНА)

 

Sample Image
 
Sample Image

 

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополит Повардарски г. Агатангел се организира поклоничко патување во чест на свети Петар Цетињски и свети Василиј Острошки, светите Превлачки маченици и свети Стефан Дечански во Косово и Црна Гора.

1 ДЕН (23. 05. 2014 петок) - Состанок со групата во 17 часот на  бензиска пумпа Макпетрол-ГЕВГЕЛИЈА,  па заминување кон Велес, Скопје, Косово, Албанија и Црна Гора (ноќно возење).

2 ДЕН (24. 05. 2014 сабота) - Рано наутро пристигнување во свештената царска лавра на свети Архангел Михаил и  Манастирот света Троица –ТИВАТ, каде ќе се поклониме на мироточивите мошти на светите Превлачки маченици. Потоа патувањето ќе продолжи кон манастирот посветен на свети Петар Цетињски и ќе можат поклониците да се поклонат на моштите од светителот, како и на дел од чесниот Христов Крст и на десната рака од свети Јован Претеча. Патувањето продолжува кон манастирот „Свети Василиј Острошки“, а пристигнувањето во манастирот Острог е предвидено во попладневните часови. (Ноќевање)

3 ДЕН (25. 05. 2014 недела) - Будење, а потоа заминување кон манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Морача и поклонение на моштите на свети Харалампиј. Патот продолжува кон Косово и манастирот Високи Дечани.  Негова посета како и поклонување пред моштите на свети Стефан Дечански, а потоа заминување за Македонија. Пристигнувањето во Македонија  е предвидено во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  4000 ДЕНАРИ

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: Патничко осигурување, автобуски превоз, ноќевање во горните конаци.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: Туристички такси не предвидени во програмата, ноќевање во долните конаци, туристичка такса (1е.) Цетиње.

ИНФОРМАЦИИ И ПРИЈАВУВАЊЕ НА ТЕЛ. 075/364 – 994 (отец Димче)

Последен рок за пријавување е 20 MAJ 2014 година.

 
< Претходно   Следно >