Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow За православната вера и живот... arrow Животот во светите тајни
Животот во светите тајни
9.11.2007.

епископ Иларион Алфеев                                                                      

 

             Што се свети тајни и колку ги има на број     

  




                   

 

           Под тајни, во православното богословие се подразбират свештенодејствиа, кои произлегуваат од средбата на Бога со човекот и толку повеќе колку што е можно во овој земен живот да постоиме во единство со Него.Sample Image

            Во светите тајни, Божјата благодат слегува врз нас и ја осветува цела наша природа, душа, и плотта која се приопштува кон Неговата Божествена природа, ја оживотворува обожува и ја изградува за вечен живот. Во тајните ние добиваме небесен опит и го предвкусуваме Царството Божјо, кон кого сецело се приопштуваме (т.е. влегување во него и живеење во него е можно единствено после смрта).

            Грчкиот збор μυστιριον (таинство, тајна) ‡ од глаголот μυо, означува покрива, сокрива”. Во овој збор Светите Оци согледувале широка смисла: „таинствого нарекувале Христовото овоплотување, Неговото спасително дело, Неговото раѓање, смртта, воскресението и другите собитија од неговиот живот, како и самата христијанска вера, учење, догмите, богослужбите, молитвите, црковните празници, свештените симболи и.т.н. Тие не ги набројувале светите тајни, но предимство им давале на Крштението и Евхаристијата.

            ВоЦрковната ерархијана свети Дионисиј Ареопагит се зборува за три тајни Крштение, Миропомазание и Евхаристија, но истотака и тајна е наречена и постригнување во монашки чин и чинот на погребение. Преподобниот Теодор Студит (IX век) зборува за 6 тајни: Просвештение (Крштевање), Заедничарење (Евхаристија), Миропомазание, Свештенство, Монашки потсриг и Погребението. Св. Григориј Палама (XIV век) нагласува две ТајниКрштение и Евхаристија, а св. Никола Кавасила (XV век) во својата книга Живот во Христа дава толкување на три тајниКрштение, Миропомазание и Евхаристија.

            Во понатамошните времиња Православната Црква почнала да ги вбројува за свети тајни Крштението, Евхаристијата, Миропомазанието, Покајанието, Свештенството, Бракот и Елеосвештенството; а сите останати свештенодејствиа се вбројуваат само како обред. Сепак треба да се има во предвид дека учењето за седум свети тајни, содржани во учебниците по Догматика (авторот на еден од нив е архим. Антониј кој не уверува  дека оваа бројка постоела уште од првите векови на христијанството на цела Вселенска црква) е воведено од латинската схоластика; оттука и доаѓа разликата помеѓу тајните и обредите. Источната светоотечка мисла не обраќала внимание на бројката на светите тајни и не си ставала задача да ги пребројува. Почетоците на учењето за седумте свети тајни на Исток ги формулирал императорот Михаило Палеолог во своето Исповедание на верата ,  представен на папата Климент IV во 1267 г. (всушност тоа не било напишано од самиот император, туку од латинските богослови). Во XV век за седум свети тајни говори свети Симеон Солунски, но сепак нагласувајќи го духовниот карактер на монашкиот подстриг. неговиот современик митрополитот Јоасаф Ефески пишува: Јас мислам дека црковните тајни не се седум, но повеќеи дава список од десет тајни, вклучувајки ги монашкиот потсриг, чинот на погребение и чинот на осветување на храм.

            Во секоја тајна постои видлива страна вклуувајки го во себе самиот чин, т.е зборовите и дејствата на учесникот, материјата на тајните (вода за крштевање и леб и вино за евхаристија), а постои и невидлива странадуховна преобразба и повторно раѓање на човекот, поради што се извршуваат и сите (чинови - обреди). Токму во тајните се јавува оној невидлив дел  кое останува за пределите на видот и слухот, и високиот разум надвор од чувственото воспримање. Но во тајните, душата и телесната обвивка на човекот истовремено (взаемно) се преобразуват и воскреснуват: таинствено духовно и телесно приобштување кон даровите на Светиот Дух. Човекот навлегува во божествените тајни со цело свое битие, тој бива ?погружен? во Бога со душата и телото, затоа што и телото е исто така предодредено за спасение и обожување. Ова е смислата на потопувањето во вода и помазувањето со елеј и миро (во Крштението), а таа е и смислата на вкусувањето на лебот и виното (во Евхаристијата). Во идниот век тајните со материја нема да бидат потребни, па така човекот нема да се причестува со Телото и Крвта Христови во вид на леб и вино, туку со самиот Христос: дај ни нам совршено да се причестувамеме со Тебе во невечерниот ден на Царството твое, ‡ се моли Црквата и исповеда дека во небесната татковина, ние очекуваме уште поисполнетио и поблиско соединување со Христа. Но додека сме ние како туѓинци на земјата имаме потреба од видливи знаци на Божјото присуство: затоа ние се приопштуваме кон Божјата природа преку вода, за да се осветиме, и преку лебот и виното напојувајќи се со Него.

            Оној кој ја извршува било која тајна му се јавува Самиот Бог. Пред ппочетокот на Литургијата ѓаконот му вели на свештеникот: ВремÔ сотворити Господеви (Пс. 118, 126), (на македонски - време е Господи да се дејствува) т.е дошло време и часот, кога ќе дејствува самиот Бог, а свештеникот и ѓаконотсамо Негово орудие. И во моментот на претварање на Светите дарови, свештеникот не дејствува сам, а се моли, го повикува Бог Отецот: и сотвори убо хлеб сеí чесное Тела Христа Твоего а еже в чаши сеí честноÓ КровÍ Христа Твоего. Во чинот на крштевање свештеникот произнесува КреçаетсÔ  раб Божиí ... е означено дека не отој сам, туку Бог ја извршува светата тајна. По зборовите на св. Амвросиј Медиолански, не крштева Дамаскин ниту Петар ниту Григориј. Ние го извршуваме своето дело како служители , но дејството во тајните зависи од Тебе. Преку човечките сили не се објавуваат Божествените добрини  тоа е Твој дар Господи.

           


 

 
 

 
< Претходно   Следно >