Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Крстопоклона недела, 18. 03. 2012

Возљубени,

Ве известуваме дека во рамките на учеството на Македонската православна црква на годинешниот МЕЃУНАРОДЕН САЕМ НА КНИГАТА, кој ќе се одржи од 18. 04. 2024 година до 24. 04. 2024 година во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, Повардарската епархија ќе ги претстави сите изданија од својата издавачка дејност „Св. Ѓорѓи Полошки“. Сите изложени изданија на саемот ќе бидат со репрезентативни цени (намалени) во однос на редовните продажни цени на книгите.

Оваа година беше навистина плодна за нашата издавачка дејност, па така, на саемот, ќе претставиме дури ДВАНАЕСЕТ нови изданија, во однос на минатогодишниот саем, и тоа книгите: „Свети Јован Златоуст - Дела“ 1 и 2 том, „Средба со Бог - старец Ефрем Аризонски“, „Света Ксенија Петроградска“, „Монографија – Митрополит Агатангел“, „Свети Герасим Кефалониски“, „Историја на македонскиот народ“, како и реизданија на книгите „Старец Јосиф Исихаст“, „Мојот живот со старец Јосиф“, „Пат на небо“, „Свети Нектариј Егински“ и „Давидов Псалтир“.

Покрај книгите, на штандот на Повардарската епархија ќе бидат изложени и бесплатни примероци од списанието на Повардарската епархија „Православна светлина“.

Ве покануваме да го посетите штандот на Македонската православна црква и да одберете некое од нашите изданија.

 
Крстопоклона недела, 18. 03. 2012
19.03.2012.
Sample Image
 
На 18. 03. 2012 година, Трета Недела од Велигденските Пости - Крстопоклона, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештеници од Повардарската епархија отслужи Света Архиерејска Литургија. Литургијата беше отслужена во црквата „Кирил и Методиј“ во Гевгелија. 

Митрополитот Агатангел и свештенослужителите го изнесоа светиот Крст од олтарот и го поставија во средината на храмот - извршувајќи поклонување на чесниот Крст. Потоа и сите присутни верници пристапија кон поклонување и целивање на светиот Крст, а Митрополитот на секој верник му даруваше китка босилек.

 Sample Image
 Sample Image
 Sample Image
 Sample Image
 Sample Image
 Sample Image
 Sample Image
 Sample Image
 Sample Image
 
Во третата Недела од Воскресниот пост се поклонуваме на Чесниот и Животворниот Крст Господен, кој нè укрепува во деновите на жалост, потсетувајќи нè на бесконечната љубов на нашиот Спасител, Кој прими крстни страдања заради нас грешните. Оваа Недела се нарекува »крстопоклона« и се одликува со тоа што Крстот се изнесува на средината на храмот за поклонение.
 
< Претходно   Следно >