Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Осветување на црквата „Св. Петка“ Велес

Возљубени,

Ве известуваме дека во рамките на учеството на Македонската православна црква на годинешниот МЕЃУНАРОДЕН САЕМ НА КНИГАТА, кој ќе се одржи од 18. 04. 2024 година до 24. 04. 2024 година во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, Повардарската епархија ќе ги претстави сите изданија од својата издавачка дејност „Св. Ѓорѓи Полошки“. Сите изложени изданија на саемот ќе бидат со репрезентативни цени (намалени) во однос на редовните продажни цени на книгите.

Оваа година беше навистина плодна за нашата издавачка дејност, па така, на саемот, ќе претставиме дури ДВАНАЕСЕТ нови изданија, во однос на минатогодишниот саем, и тоа книгите: „Свети Јован Златоуст - Дела“ 1 и 2 том, „Средба со Бог - старец Ефрем Аризонски“, „Света Ксенија Петроградска“, „Монографија – Митрополит Агатангел“, „Свети Герасим Кефалониски“, „Историја на македонскиот народ“, како и реизданија на книгите „Старец Јосиф Исихаст“, „Мојот живот со старец Јосиф“, „Пат на небо“, „Свети Нектариј Егински“ и „Давидов Псалтир“.

Покрај книгите, на штандот на Повардарската епархија ќе бидат изложени и бесплатни примероци од списанието на Повардарската епархија „Православна светлина“.

Ве покануваме да го посетите штандот на Македонската православна црква и да одберете некое од нашите изданија.

 
Осветување на црквата „Св. Петка“ Велес
14.11.2011.
 

Sample Image На 13. 11. 2011 година (недела) се изврши осветување на црквата „Св. Петка“ во Велес. Чинот на осветување на храмот го изврши Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на Митрополитот Европски г. Пимен и бројно свештенство од Повардарската епархија. По чинот на осветување на црквата се отслужи Света Архиерејска Литургија. На чинот на осветувањето на црквата и на Литургијата молитвено присуствуваа голем број жители на градот Велес, кои Светата маченичка Параскева ја слават како своја заштиничка и торжествено го празнуваат споменот на оваа светителка секоја година. Со своја празнична беседа пред присутните се обрати Митрополитот Пимен кој, зборувајќи за животот вечен и патот до спасението, ги повика сите присутни да не го губат залудно времето дадено за живот земски, препуштајќи се на телесните и душевните страсти, туку да размислуваат за чинење на добри дела, со што самите ќе го обезбедиме престојот во Царството Небесно. Во своето обраќање, Митрополитот Агатангел, искажа голема благодарност до сите оние кои се вградија во овој свет молитвен дом, помагајќи ја неговата обнова. „Повеќето велешани еднаш месечно доаѓаат на оваа црква, тука застануваат патниците кои патуваат покрај блиската сообраќајница. За сите нив оваа куќарка, од мал параклис ја претворивме во убава црква. При моето доаѓање во оваа Епархија ветив дека ќе изградиме многу храмови, и еве со заеднички напори со сите вас тоа и го правиме“. – истакна Митрополитот Агатангел.

На чинот на осветување на црквата и на Литургијата присуствуваше и градоначалникот на Општина Велес, г-дин Горан Петров, претседателот на Советот на градот, г-дин Славчо Чадиев, како и пратеникот Марјан Николов. Градоначалникот Петров ја имаше честа да го запали првото кандило во новата црква.

Во црквата Св. Петка оваа седмица секој ден ќе се служи Литургија, а потоа секој нереден петок.

Црквата е изградена според архитектонското дело на архитектот Благој Здравев,  фрескоживописувањето го извршија зографите Александар Иванов и Малка Конеска, а иконостасот е дело на Љубомир Бисинов. Црквата се реновираше две и пол години, а обновата се изврши со средства на Повардарската епархија, како и бројни донации од велешки фирми и граѓани.

 

ФОТО материјал

 
< Претходно   Следно >