Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Осветување на камен-темелник
25.10.2011.

 

Sample Image   Sample Image

 

Н

а 23 октомври 2011 година, (недела) на денот кога Светата православна црква го празнуваше споменот на Светиот маченик Теофил Струмички, а македонската држава го празнуваше Денот на македонската револуционерна борба се изврши осветување на камен - темелник на нова црква во градот Велес. Новата црква ќе биде посветена на светите бесребреници, лекари и чудотворци Козма и Дамјан, а ќе се гради во дворот на Општата Болница во Велес. Осветувањето на камен-темелникот го извршија Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар и бројно свештенство од двете епархии. На чинот на осветувањето, присуствуваа заменик министерот за здравство г-дин Јовица Андоновски, пратениците г-дин Илија Димовски и г-дин Марјанчо Николов, Претседателот на Советот на град Велес, г-дин Славчо Чадиев заедно со советници од Општината, потоа директорот на Општата Болница г-дин Ванчо Граматов заедно со поголем дел од докторите, како и многу други верници, кои заедно со сите останати го проследија чинот на осветување во благопријатна молитвена атмосфера.

Отпочнувањето на изградбата на оваа црква доаѓа по големи напори на Повардарската епархија во еден подолг период да успее да се реализира замислата за Болничка црква во градот Велес, и затоа ја изразуваме нашата благодарност до сите оние кои помогнаа да почне реализацијата на овој проект. Црквата ќе се гради со средства на Повардарската епархија, како и со донации на верници.

Митрополитот Агатангел во своето обраќање пред присутните истакна дека болничката црква „Св. Козма и Дамјан“ ќе биде место каде што сите верни души ќе можат да ги задоволат своите духовни потреби преку добивањето на Светите Тајни - Молитви, Исповед и Причест, а особено ќе биде наменета за сите оние кои доаѓаат во Болницата заради лекување, за да можат да си запалат свеќа и да се помолат на Севишниот Бог Исус Христос за исцеление на нивните телесни и духовни болки, место каде што ќе можат да ги смират своите мисли пред разни операции, место каде ќе се помолат за покој на душите на нивните починати, но и место каде што првпат ќе Му благодарат на Бога за добиената рожба или успешно извршена операција. Исто така наменета е и за сиот медицински персонал, кој поради својата посветеност и грижа за болните не може да присуствува на Богослужбите, така што со градењето на оваа црква ќе им биде овозможено на сите кои работат овде да доаѓаат редовно на Литургија, особено за најголемите празници.

Исто така и директорот на општата болница г-дин Ванчо Граматов,  во својот говор го поздрави отпочнувањето на изградбата на овој свет храм, изразувајќи надеж дека самиот храм ќе претставува огромна помош на болницата во остварувањето на основната дејност - грижа и лекување на телесните, душевните и духовните болести на луѓето.

Пред чинот на осветување на камен-темелникот, Митрополитите Агатангел и Петар отслужија Света Божествена Литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес. 

 

Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
  Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image  
 
 Sample Image   Sample Image

 

 
< Претходно   Следно >