Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Осветување на камен-темелник
9.05.2011.

 

Sample Image   Sample Image
 
Sample Image   Sample Image

 

На ден пред големиот христијански празник, Св. вмч. Ѓеорѓи Победоносец, во с. Селемли, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на свештенство од епархијата, изврши осветување на камен-темелник на црквата „Св. вмч. Ѓеорѓи Победоносец“ и го благослови почетокот на нејзината изградба. На чинот на осветувањето на камен-темелникот на новата црква присуствуваа на Амбасадорот на Република Србија, г-дин Томислав Ѓурин, градоначалникот на Општина Богданци, г-дин Ристо Ичков, претставници од Месната заедница на с. Селемли, граѓани од ова населено место и други гости. Црквата ќе се гради со средства од општина Богданци и месната заедница при село Селемли, како и донации од добронамерници. Првата донација за изградба на оваа црква пристигна токму од  Митрополитот Повардарски г. Агатангел, кој во своите завршни зборови изјави дека ќе даде свој прилог од 100.000 денари, со надеж дека сите добронамерни граѓани од овде и пошироко во границите на своите можности ќе помогнат во изградбата на црквата.

 
< Претходно   Следно >