Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна


Свети великомаченик Пантелејмон

 

На 08 и 09 август 2010 година, Велес го чествуваше споменот на својот патрон и заштитник, Светиот великомаченик Пантелејмон. Воедно, годинешното празнување имаше и два дополнителни јубилеи поврзани со чествувањето на овој празник. Првиот беше тоа што, со одлука од Советот на град Велес, првпат празникот на Светиот вмч. Пантелејмон се чествува како официјален празник на градот, и вториот 170 години од иградбата на Соборниот храм на Повардарската епархија, посветен на овој светител, кој жителите на град Велес го изградиле во чест на светителот, по чии молитви, бил спасен градот од страшната чума која се појавила во 19 век.

Повеќе...
 
Освет на камен-темелник на нова црква

 

Sample Image   Sample Image

 

Чествувањето на споменот на Преподобната маченичка Параскева започна со вечерна богослужба ширум храмовите низ Повардарската епархија. Во Велес традиционално беше отслужена вечерба богослужба во параклисот посветен на Св. Петка, кој како и секоја година беше масовно посетен од верниците кои дојдоа да и се поклонат на преподобната маченичка Параскева.

На самиот ден кога се чествува споменот на Светата маченичка Параскева, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополитот Европски г. Пимен и повеќе свештенослужители отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Св. Димитриј“ во Кавадарци.

По завршувањето на Литургијата, Митрополитите, свештенослужителите и верниот народ се упатија во центарот на градот каде беше осветен камен-темелникот на новата црква во Кавадарци, која ќе биде посветена на Светата маченичка Параскева-Петка.

Повеќе...
 
Освет на камен-темелник

 

Sample Image   Sample Image

 

 На 7 август 2010 г., во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во с. Манастирец во Македонски Брод, се служеше света архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополит г. Тимотеј во сослужение на Митрополит Повардарски г. Агатангел, Епископ Хераклејски г. Климент и повеќемина свештенослужители. Вечерта, на 6 август, во присуство на надлежниот Митрополит г. Тимотеј вечерна богослужба служеше Митрополит г. Агатангел. Наредниот ден после завршувањето на светата Литургија, Архиереите заедно со останатите свештенослужители извршија осветување на новиот конак од југозападната страна на манстирскиот комплекс.

Повеќе...
 
Света Петка

 

Sample Image

 

Родена е во Рим од родители христијани. Од детството научена на верата во Христа. Најусрдно ревнуваше да ги делотвори сите Божји заповеди. Со сведоштвото на нејзиниот вистински благочестив живот и вера упатуваше на патот на спасението и други. Кога ѝ умреа родителите, го раздаде имотот на сиромасите, а самата се замонаши.     Како монахиња со уште поголем жар и ревност ја проповедаше верата во Христа не криејќи ја од никого, иако во тоа време римските власти крваво ја гонеа христијанската вера. Први за проповедање на забранетата вера Света Параскева ја обвинија зли Евреи. Ја изведоа на суд пред царот Антонин. Сите ласкања на царот не помогнаа ни најмалку да ја поколебаат Божјата слугинка во вистинитата вера. Тогаш ја подложија на огнени маки и ѝ ставија усвитен шлем на главата. Но Господ чудесно ја спаси и таа се избави и се оддалечи од Рим. Тргна од град во град да го обраќа тогашниот незнабожечки народ кон христијанското благочестие. Уште во два града беше изведувана пред кнезови и судии и истизавана за Господ, но притоа вршеше големи чуда со силата Божја и брзо се опоравуваше од маките. Како и секогаш, незнабожците нејзините чуда ги припишуваа на магии, а нејзиното опоравување на силата и милоста на нивните богови. Еднаш на кнезот мачител Света Параскева му рече: „Не ме исцелија твоите богови кнезу, туку мојот Христос, вистинскиот Бог“. Најпосле некој кнез Тарасиј ја уби со меч. Тоа беше славниот крај на многуплодниот живот на оваа светителка. Нејзините мошти подоцна беа пренесени во Цариград. Чесно пострада за Христа во 2 век.

 
Немате дозвола да го погледнете овој ресурс.
Треба да се најавите.
Повеќе...
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 5 - 8 од 415
 
 
Sample Image
 
Sample Image
 
 Sample Image
 

Sample Image

 

Sample Image

Sample Image

 
Sample Image
 
 
Sample Image
 
 
Sample Image
 
 
Sample Image
 

Галерија на икони

  • JoomlaWorks Simple Image Rotator
  • JoomlaWorks Simple Image Rotator
  • JoomlaWorks Simple Image Rotator