|
|
На денот кога Православната Црква го прославува споменот на „Св. Атанасиј Велики“, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во храмот посветен на овој светител во село Удово. На Литургијата присуствуваа голем број на верници кои молитвено му се поклонија на светителот, а сослужуваа свештеници од гевгелиското намесништво на епархијата. |
|
Повеќе...
|
|
|
На празникот на Вознесението Христово, во храмот „Св. Спас“ во Велес беше отслужена Света Архиерејска Литургија. На Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештеници од велешкото намесништво на епархијата. |
|
Повеќе...
|
|
|
На ден 09. 05. 2010 година, недела, Митрополитот Повардарски г. Агатангел благоволи и изврши осветување на црквата „Св. Пророк Илија“ во велешкото село Виничани.
|
|
Повеќе...
|
|
|
ВТОРА СВЕТСКА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА МЕЃУРЕЛИГИСКИ И МЕЃУЦИВИЛИЗАЦИСКИ ДИЈАЛОГ „Религијата и културата - нераскинлива врска меѓу народите“ (6-8 мај 2010 - Охрид, Република Македонија) Охрид, 7 мај 2010 Од претставниците на верските заедници свои обраќања имаа: Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски, г.г. Стефан; Реис Ул Улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи, претседател на Исламската верска заедница во Република Македонија; Н.Е. Винко Кардинал Пуљиќ, ополномоштен претставник - шеф на делегацијата на Светата Столица; Господин Хајнрих Болетер, бискуп на Евангелско - Методистичката црква; Господин Рабин Ендрју Бејкер, директор за меѓународни врски на Евреите. Во попладневната програма, на тема „Улогата на религијата и на културата во трансформацијата на општеството“ на делегатите на конференцијата се обрати Митрополитот Американско - Канадски, г. Методиј. На покана на претседателот на Р. Македонија, г. Ѓорѓе Иванов, беше отстварена средба со сите учесници од Православните цркви. Нив ги претставуваа: Архиепископ Јарославски и Ростовски, г. Кирил (Руска Православна Црква); Архиепископ Филиополски г. Нифон (Антиохиска Православна Црква); Протосингел Петар (Српска Православна Црква), како и претставник од Албанската Православна Црква, Архиепископот Јован. Во продолжение ви пренесуваме дел од обраќањето на Архиепископот Стефан: |
|
Повеќе...
|
| Немате дозвола да го погледнете овој ресурс. Треба да се најавите. |
|
|
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>
|
| Резултати 37 - 40 од 415 |