|
|
Вчера, на
празникот на свети Атанасиј беше осветена обновената катедралната црква
„Раѓање на Пресвета Богородица“ во
Скопје.
Осветувањето го изврши Архиепископот Охридски и Македонски
г.г. Стефан во сослужение на членовите на Светиот архиерејски Синод на МПЦ
митрополитите Кирил, Петар, Агатангел, Иларион, Гораст и повеќе свештенослужители
од скопската и другите епархии на МПЦ. На осветувањето присуствуваше и
премиерот Никола Груевски. По осветувањето беше отслужена Божествена Литургија,
на која што покрај горенаведените Владици присуствуваше и Митрополитот
Струмички г. Наум.
|
|
Повеќе...
|
| |
|
|
петок 18. 01. 2008 год. 08, 00 часот. црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Велес, царски часови со вечерна и Василиева Литургија.
Со службата ќе чиноначалствува Митрополитот Повардарски г. Агатангел.
сабота 19. 01. 2007 год. Богојавление - Водици. 08, 00 часот. Божествена Литургија во сите православни храмови на Повардарската епархија.
Митрополитот Повардарски г. Агатангел ќе служи во епархискиот параклис.
недела 20. 01. 2008 год. Собор на Св. Јован Крстител. 08, 00 часот. Божествена Литургија во црквата „Св. Константин и Елена“ село Миравци.
Со службата ќе чиноначалствува Митрополитот Повардарски г. Агатангел.
|
|
|
Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, деновиве излезе од печат ново издание од богатата издавачка дејност на мисионерско-хуманитарната дејност „Ѓаконија“. Станува збор за книгата „Пастирска помош на душевно болни“ од Игумен Евмениј, чијшто превод на македонски јазик го направи презвитерот Игор Никовски.
|
|
Повеќе...
|
| Немате дозвола да го погледнете овој ресурс. Треба да се најавите. |
|
|
<< Почеток < Претходна 81 82 83 84 85 86 87 88 89 90 Следна > Крај >>
|
| Резултати 341 - 344 од 415 |