|
|
На денот кога Светата православна црква го чествува споменот на Светиот маченик Талалеј, кој маченички пострада заради Христа во 284 година, беше отслужена Света Божествена Литургија во црквата „Св. Никола“ во Башино село, крај Велес. Литургија ја отслужи парохискиот свештеник Јованче Илиев во сослужение на ѓаконот Влатко Стоименов.
|
|
Повеќе...
|
|
|
На ден 30.05.2010 година, со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, а во склоп на соработката помеѓу Повардарската епархија и здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа од Велес се изведе еднодневна екскурзија. Во еднодневната екскурзија беше предвидена и остварена посета на Зоолошката градина во Скопје и црквата „Св. Андреј“ на Матка. Дечињата беа придружувани од своите родители, а претставик од Повардарската епархија беше отец Ангел Станчев од Велес. Ова е втора по ред екскурзија што се изведуваво склоп на оваа соработка, а вакви слични дружења ќе се изведуваат и во иднина.
|
|
|
На ден 30.05.2010 година, во кавадаречкото село Паликура, беше осветен камен-темелник на нова црква. Осветувањето го изврши Митрополитот Повардарски г. Агатангел. Новата црква ќе биде посветена на Свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски. Ктитор на оваа црква ќе биде градоначалникот на општина Росоман и верниците од ова село.
|
|
Повеќе...
|
|
|
На денот кога Светата православна црква го слави споменот на Светиот апостол Андроник и Светиот маченик Солохон, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Св. вмч. Димитриј“ во Кавадарци. На Литургијата сослужуваа повеќе свештенослужители од кавадаречкото намесништво на епархијата.
|
|
Повеќе...
|
| Немате дозвола да го погледнете овој ресурс. Треба да се најавите. |
|
|
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>
|
| Резултати 29 - 32 од 415 |