На денот кога Црквата го слави споменот на Преподобен Симеон Столпник Дивногорец и Преподобен Никита Столпник, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Архиерејска Божествена Литургија во црквата „Св. Атанасиј“ во Неготино. На Литургијата сослужуваа повеќе клирици од гевгелиското и кавадаречкото намесништво на епархијата.
Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, издаваштвото при Повардарската епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“ ја подготви и ја испечати книгата „Биди верен до смртта“ од Митрополит Јован Сничев. Книгата содржи голем број проповеди и архипастирски посланија на Митрополитот Сничев. Преводот од српски јазик го подготви дипломираниот теолог, презвитера Весна Ѓорѓиева.
На денот кога Светата православна црква го слави споменот на светиот цар Константин и светата царица Елена , Митрополитот Повардарски г.Агатангел отслужи Архиерејска Литургија во храмот посветен на овие светители во селото Миравци. На Литургијата сослужуваа свештенослужители од гевгелиското намесништво на епархијата, а молитвено присуствуваа голем број жители од ова и околните села кои овој ден го прославуваат и како слава на селото.
Немате дозвола да го погледнете овој ресурс. Треба да се најавите.