Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна


Осветување на камен темелник
 Sample Image   Sample Image
 
 Sample Image   Sample Image
 
На ден 17.07.2010 година, се изврши осветување на камен темелник на помошен објект на црквата во изградба „Св. Кирил и Методиј“ во Велес. Осветувањето го извршија свештениците, протоереј-ставрофор Славе Јованов, протоереј Зоран Грозданов, протоереј Борис Симоновски, свештеник Ристе Јанушев и ѓаконот Мишо Тодоров.
 
Чествување на светиот апостол Павле, Виница

Sample ImageНа 13. 07. 2010 година на празникот на Собор на 12 – те Апостоли - Павловден, во храмот Св. Архангел Михаил во Виница, Митрополитот Повардарски г. Агатангел заедно со Митрополитот Европски г. Пимен и Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од Брегалничката и Европската епархија, отслужи Света Архиерјска Литургија.

На светата литургија, Митрополитот г. Иларион, по Негов предлог, а согласно Одлуката на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, го одликуваше, протојерејот Бранко Богданов – старешина на храмот Св. Архангел Михаил во Виница, во ставрофорско достоинство и му додели граден крст.

Повеќе...
 
Храмовите - небесни двери на земјата

Архиепископ Охридски и Македонски Стефан

(слово изречено на празникот на светите апостоли Петар и Павле)

Храмовите - небесни двери на земјата

 

Со чинот на малото осветување на обновениот олтар со престолот и новиот иконостас и со отслуженава Света Литургија, молитвено ја одбележуваме 100 годишнината од осветувањето на овој велелепен храм, воедно чествувајќи го и празникот на патроните на Кичево и на овој крај - св. првопрестолни апостоли Петар и Павле.

Но, за да ја разбереме смислата и улогата на овој кичевски храм, и на сите наши храмови, би сакал да кажам збор - два за историјата и за местото на храмот, воопшто, во духовната историја на народите, како и за историјата на храмот по македонската земја.

Имено, кај Евреите, скинијата била најстарото јавно место за молитва, која му претходела на храмот, подигнат од царот Соломон на околу 10 века пред Христа. Тој Соломонов, уште познат и како Ерусалимски храм, опстојувал сé до 70-та година по Христа, кога бил урнат од Римјаните, а пред тоа бил двапати обновуван, во времето на Зоровавел (520г.пр Хр) и во времето на Ирод (37-5 пр Хр).

Во Светото Писмо и во црковната терминологија, храмот се именува и како дом Божји, и како дом Господен, и како Царска палата, и како Црква, и како синод односно собор, и како дом за молитва, и како трпеза и сл.

За првите храмови на македонската земја нема податоци. Веројатно, домовите на првите христијани биле и први храмови (каков што бил домот на тештата на свети ап. Петар во Капернаум, и за таков може да се смета и домот на Лидија од Тиатир, која што св. Павле ја покрстил и таа е првата христијанка во Европа, каде апостолот, заедно со сопатниците престојувал и каде, покрај проповедта за Евангелието, се вршеле и свети богослужби). Свети апостол Павле своето послание до Филипјаните го адресирал до сите свети во Исуса што се во Филипи со епископите и ѓаконите (Фил 1.1), а и двете посланија до солуњаните ги испратил "до солунската Црква", која, како христијанска заедница имала и таен дом за молитва, а можеби и катакомба. Но, како и да било, во тие години сето тоа функционирало во најголема тајност, заради строгата забрана на христијанската религија.
Повеќе...
 
Светите апостоли Петар и Павле

Sample ImageНа 12 јули  2010 година, во Осмата   недела по Педесетница, кога Светата Црква го слави споменот на светиот апостол Петар и светиот апостол Павле, во црквата посветена на овие светители во Кичево беше отслужена Света Божествена Литургија на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. Г. Стефан во сослужение на Митрополитите Тимотеј, Наум, Агатангел и Пимен, архимандритите Нектариј и Партениј и голем број свештенослужители. На Литургијата присуствуваа голем број верници од Кичево, а поголем број од присутните кои беа подготвени после завршувањето на Петровденските пости се причестија со Светите Христови дарови.


Повеќе...
 
Немате дозвола да го погледнете овој ресурс.
Треба да се најавите.
Повеќе...
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 13 - 16 од 415
 
 
Sample Image
 
Sample Image
 
 Sample Image
 

Sample Image

 

Sample Image

Sample Image

 
Sample Image
 
 
Sample Image
 
 
Sample Image
 
 
Sample Image
 

Галерија на икони

  • JoomlaWorks Simple Image Rotator
  • JoomlaWorks Simple Image Rotator
  • JoomlaWorks Simple Image Rotator