Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна


Света Литургија на втор ден Духовден
4.06.2015.
 
Sample Image
 
Sample Image
 
На втор ден Духовден, Митрополитот Повардарски г. Агатангел чиноначалствуваше со Светата Божествена Литургија во црквата „Св. вмч. Димитриј“ во Кавадарци во сослужение на повеќе свештенослужители од кавадаречкото епархијаско намесништво. На втор ден Духовден беше отслужена и Вечерна Богослужба во црквата „Света Троица“ во Росоман. На вечерната богослужба сослужуваа повеќе свештенослужители од кавадаречкото намесништво на Повардарската епархија, а молитвено присуствуваа голем број жители на Општина Росоман.
 
 
Sample Image
 
Sample Image
 
Педесетница - Духовден
3.06.2015.
 
Sample Image
 
Sample Image Светата Педесетница - роденденот на светата Црква - денот кога Светиот Дух во вид на огнени јазици се симна врз апостолите и ги направи носители на благодатта Божја, создавајќи од нив свет собор на сите оние кои се повикани за спасение на тој начин што со својот живот и со своите дела ќе се вградат во телото на Црквата, секоја година свечено се прославува во сите православни храмови насекаде по светот.

 Света Божествена Литургија се служеше и низ сите храмови во Повардарската епархија, а централното чествување на првиот ден од Педесетницата се одржа во Соборниот храм „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес, каде што Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија.

По причестувањето на дел од верниците Митрополитот и свештенослужителите пристапија кон служење и на Вечерната богослужба, која во овој ден се извршува веднаш по Литургијата. По големот прокимен од страна на Владиката и свештенослужителите беа прочитани трите долги молитви предвидени за овој ден.

Sample ImageНовозаветната Педесетница е денот на славното исполнување на ветувањето за Христовото испраќање на Светиот Дух врз апостолите. Ова е крајно радосен, извонреден и утешителен настан. Куќата во која тие пребиваат еднодушни одеднаш е преисполнета со шум од небото, сличен на силен ветар, а разделени јазици, како огнени, се спуштаат врз секого од учениците. Од ова тие се исполнуваат со Дух Свети и почнуваат да го благовестат Евангелието на разни јазици, онака како што Светиот Дух им даваше да изговараат. За разлика од мистиката на Успението на Пресвета Богородица, на пример, при доаѓањето на славата на Господ и другите одондестрани и чудесни појави кое им се открива како видение на некои од присутните, настаните на Педесетница стануваат очигледни за сите, не само за достојните. За да ги видат, на ерусалимјаните не им беше неопходен духовниот вид, иако на виденото не дадоа сите еднаков духовен одговор. Значи, зборувањето на сите јазици на кои луѓето од Ерусалим зборуваа (бидејќи во него живееја дојденци од разни краеви) едни го гледаа како прекрасно чудо, други како знак на пијанство. Петар вдахновено го објаснува настанот и ги упатува на пророштвата за овој настан до Избраниот народ дојдени преку Пророкот Јоил. Благовеста на Петар допре до срцата на многубројните луѓе што го чуја и тие го примија покајанието заради името на Исуса Христа. Во тој ден се крстија и присоединија кон Црквата Христова околу три илјади души. Оттогаш наваму Педесетница се смета за роденеден на црквата Божја. За првпат по падот човекот ипостасно Го прима Светиот Дух и ја добива полната и реална можност да живее според благодатта.

 
Литургија и свештеничко собрание
28.05.2015.

 

Sample Image

 

На 28. 05. 2015 година, во манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Неготино се отслужи Света Божествена Литургија. На Литургијата сослужуваа сите архиерејски намесници и старешни на поголемите храмови од Повардарската епархија, а присуствуваше речиси целиот епархиски клир. По завршувањето на Литургијата се одржа редовно Свештеничко собрание на кое свое излагање на тема „Црквата и суеверијата“ имаше свештеник Игор Пармачки.

 

Sample Image
 
Sample Image

 

 
Св. Кирил и Методиј
26.05.2015.

 

Sample Image

 

На празникот на Светите Кирил и Методиј беше отслужена Света Божествена Литургија во храмот посветен на овие светители во Гевгелија. На Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на повеќе свештенослужители од Повардарската епархија.

 

Sample Image
 
Sample Image
 
Sample Image
 
Sample Image
 
Sample Image

 

Свети Методиј и Кирил Рамноапостолни 

Родени браќа родум од Солун, од угледни и богати родители, Лав и Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер помина десет години меѓу Македонските Словени. Потоа се оддалечи на гората Олимп и се предаде на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружи и Кирил (Константин). Но кога хазарскиот цар Каган побара од царот Михаил проповедници на верата во Христос, тогаш на заповед на царот беа пронајдени овие двајца браќа и беа испратени меѓу Хазарите. Откако го уверија Каган во верата Христова, тие го крстија овој цар и голем број негови доглавници и уште помногуброен народ. По извесно време се вратија во Цариград, каде што ја составија словенската азбука од триесет и осум букви и почнаа да ги преведуваат црковните книги од грчки на словенски. На повик од царот Ростислав отидоа во Моравија и таму ја распространија и ја утврдија православната вера, па ги умножија книгите и им ги дадоа на свештениците за да ја подучуваат младината. А подоцна на повик од папата заминаа за Рим, каде што Кирил се разболе и умре, на 14 февруари 869 година. Тогаш Методиј се врати во Моравија и до смртта се потруди на утврдувањето на Христовата вера меѓу Словените. По неговата смрт - а тој се упокои во Господа на 6 април 885 година - неговите ученици Петочисленици, на чело со Свети Климент како епископ, го преминаа Дунав и се спуштија на југ во Македонија, каде што од Охрид продолжија да работат меѓу Словените на истото дело што го започнаа Методиј и Кирил на север.

 

 
Вознесение Христово, Мокрени
26.05.2015.

 

Sample Image

 

На 23. 05. 2014 (сабота), Митрополитот Повардарски г. Агатангел благоволи и изврши водосвет и го благослови славскиот колач во храмот посветен на Христовото Вознесение во село Мокрени. Во ова село живеат мал број луѓе, речиси сите се раселени во Велес и во Скопје, па затоа тие традиционално го одбележуваат Христовото Вознесение во првата сабота по празникот.

 

Sample Image
 
Sample Image
 
Sample Image

 

 
Вознесение Христово
22.05.2015.

 

Sample Image

 

Sample Image

На празникот на Светото Вознесение Христово, во храмот посветен на Христовото Вознесение во Велес беше отслужена Света Божествена Литургија. Во сослужение на повеќе свештеници, со Архиерејската Литургија чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел. На Литургијата присуствуваа голем број верници од Велес. По завршувањето на Литургијата беше осветена вода и беа осветени и прекршени празничните колачи, а беше направена и панихида на гробот на Јордан Хаџи-Константинов – Џинот, кој се наоѓа во дворот на црквата.

Вознесение Христово

Четириесет дена по Воскресението, Спасителот го остварува она што го вети од почетокот. Се врати при Својот Отец за да Го испрати при учениците Духот на Вистината. Оттогаш Христос седи од десната страна на Отецот. Одењето кај Отецот е чин јавен: се случува пред очите на апостолите. Христос се подига во воздухот и облак Го подзема носејќи Го на небото. Последните пораки што им ги дава се подготовки за Педесетницата. Не оддалечувајте се од Ерусалим, туку чекајте го ветувањето од Отецот, за кое сте слушале од Мене! Зашто Јован крштеваше со вода, а вие не по многу дни од денес, ќе бидете крстени со Светиот Дух.

А тие, кога се собраа, Го прашаа велејќи: Во ова време ли го востановуваш, Господи, царството Израилево? И Он им одговори: Не е ваше да ги знаете времињата или годините, што Отецот ги задржал во Своја власт; но ќе примите сила, кога врз вас ќе слезе Светиот Дух; и ќе Ми бидете сведоци и во цела Јудеја и Самарија, и дури до крајот на земјата (Дела 1, 4 - 8). И веднаш, додека гледаа како се крева на небото, двајца мажи во бела облека, всушност ангели, благовестеа за Второто доаѓање на Христос на земјата. Наспроти упатството да не умуваат околу времињата на овие настани, кои се во Божја власт, во првите години па и векови по Вознесението, христијаните очекуваа самите да бидат очевидци на земјата на славната Парусија Господова.

 

 
Повеќе...
<< Почеток < Претходна 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 Следна > Крај >>

Резултати 1027 - 1064 од 1498